Marketing Menadzer

  • Објавен пред 3 месеци
  • Термалифт
  • Активен до 23.04.2017
  • Позиција: Останато

Активни огласи од Термалифт:

Комерцијалист

ТЕРМАЛИФТ, Водечка компанија во Македонија за продажба, изнајмување и сервис на нови и репарирани вилушкари и подвижни платформи. Резервни делови, Персонални и Товарни лифтови.

 

Има потреба да вработи:

 

МАРКЕТИНГ МЕНАЏЕР

 

Опис на работно место: 

  • Планирање на маркетинг активности за целата година преку сите маркетинг канали (Телевизија, Радио, Social Media, Newsletters, eCommerce, Каталози, Билборди...)
  • Планирање на маркетинг активности за странски пазари (Албанија, Косово, Србија, Бугарија...)
  • Подржување на продажбата со подготвување на презентации, дизајни на понуди, информации за конкуренција, слики, промотивен материјал и сл...
  • Комуникација со дизајнери и печатници. 
  • Преговарање и договарање на маркетинг активности. 
  • Собирање и архивирање на маркетинг понуди. 
  • Организирање на продукција и дистрибуција на печатени и дигитални маркетинг материјали. 
  • Менаџирање и одржување на социјалните медиуми и веб страната на компанијата
  • Анализа на пазарот и успешноста на маркетинг кампањите. Изготвување на извештаи за истите. 
  • Ажурирање и оджување на податоците за коминтентите, датабази и e-mail датабази.
  • Следење на маркетинг активностите на конкурентите. 
  • Одржување на маркетинг архивата и обновување на потрошениот материјал
  • Одредување на идни маркетинг буџети.
  • Следење на светски маркетинг трендови.
  • Изготвување на прегледни и графички средени извештаи и невно презентирање кај надредените
  • Воведување на нови процеси и стратегии за подобрување на маркетинг и продажбата

 

Поставеност во организација: 
• Директно одговара на Генералниот менаџер (Директор) 
• Раководи со тим од 1 човек (Маркетинг Асистент) 

 

Познавања: 

  • Аналитички програми и презентирање
  • Менаџирање и контролирање на обврските
  • Microsoft Office  (Word, Excel, Power Point, Outlook)
  • Говорење и пишување на Англиски. 
  • Facebook, Twitter, Youtube. 
  • Online Ads (Facebook Ads, Google Ads…)
  • Newsletter платформи (Mailchimp)
  • Google Analytics

 

Потребно: 

  • Познавање во Маркетинг/Бизнис областа.
  • Развиени oрганизациони, комуникациски и лидерски способности
  • Способност за работа под притисок и конструктивно решавање на работни предизвици
  • Спремност за превземање на одговорност
  • Проактивно размислување, амбициозен и натпреварувачки дух
  • Пожелно работно искуство во Маркетинг, Photoshop, Illustrator и Corel.
  • Возачка дозвола – Б категорија

 

 

Компанијата нуди

  • Плата од 32.000 до 43.000 во зависност од покажаниот резултати. (Платата е пониска за времетраење на обуката)
  • Платата можно е да биде и повисока од 43.000 во зависност од иновативноста, заинтересираноста и посветеноста.
  • Неопределено вработување со почетен пробен период.
  • Обуки и тренинзи во областа која работи.
  • Модерни, Високо квалитетни услови за работа.
  • Платени патни трошкови.
  • Годишни рекреативни семинари со комапнијата.

 

 

Сите што ги поседуваат горенаведените квалификации

СЕ ПОКАНЕТИ ДА АПЛИЦИРААТ

 

Напомена:

  • САМО апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
  • Апликациите без назнака за кое работно место аплицираат НЕМА да бидат разгледани!
  • Компанијата се наоѓа во Куманово
  • Дневно работно време е претпладне, од 08.30 до 16.30 часот, од понеделник до петок и сабота од 8:30 до 15:00

 

ТЕРМАЛИФТ Куманово е секогаш отворена за соработка со кандидати кои се вредни ентузијасти и сакаат да работат со тим кој секогаш е спремен за нови предизвици во иновативна и динамична околина.

 

Вашето CV испратете го на filip.d@termalift.com.mk,info@termalift.com.mk,

КЛИКНИ