Кнауф: Инструктор/Демонстратор

За компанијата: Присутни сме во градежништвото повеќе од 80 години. Со своите системи нудиме модерни, квалитетни решенија за уредување на вашите градби. Со фантастичниот материјал, гипс, создаваме удобност во просториите за живеење и работа. Кнауф значи иновација и квалитет. повеќе за компанијата »

Компанијата Кнауф е регионален и светски лидер во пронаоѓање решенија во градежната индустрија и производител на градежни материјали со преку 20.000 вработени, кои работат во повеќе од 150 фабрики во целиот свет.

Со цел развивање на работењето, го објавуваме огласот за следното работно место:

Инструктор / Демонстратор за програмата прашкасти производи и градежна хемијана територија – Република Македонија (1 извршител)

Краток опис на работата:

  • Претставување на производи и примена на производи
  • Професионално советување и сервисирање на постоечките купувачи
  • Воспоставување и одржување на добри деловни односи со нови купувачи
  • Организирање на семинари, презентации, обуки и саеми за сите целни групи
     

На вработените им нудиме:

  • Работа во динамичен тим
  • Можност за напредување
  • Стимулативна плата и додатни бенефиции
  • Константно професионално усовршување
     

Сите заинтересирани кандидати ги повикуваме да достават своја биографија и мотивациско писмо најдоцна до 01. февруари 2017 година на следната е-маил адреса:  [најави се за да го видиш е-маилот]

Некомплетни пријави и пријави испратени после наведениот рок, нема да бидат разгледувани.

Компанијата Кнауф го задржува правото да повика на разговор само потесен круг на кандидати.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

Услови за кандидатите:

  • Минимум ССС, пожелно техничка насока
  • Минимум 3 години работно искуство на иста или слична позиција од областа на молерај, фасада, малтерисување
  • Пожелно е претходно работно искуство во продажна компанија
  • Работа на компјутер (MS Office програми)
  • Поседување возачка дозвола Б категорија

Пожелни особини на кандидатот:

  • Способност за комуникација и добри вештини на презентирање
  • Ориентираност кон купувачите и кон остварување на резултати
  • Висок степен на одговорност
  • Проактивност
  • Познавање на англиски и германски јазик

Е-ПОШТА:  [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »