Процес инженер - технолог во производство

  • Објавен на 3.2017
  • Tondach Makedonija AD
  • Активен до 07.04.2017
  • Позиција: Инженер и технолог
  • Локација: Виница
  • Телефон: 033/361-332

Со цел за појачување на тимот во производство бараме мотивирана, комуникативна и весела личност, отворена за тимска работа и стекнување на нови знаења и вештини во динамично работно опкружување, за работно место:

Процес инженер - технолог во производство

Ваши одговорност

  • Секојдневна контрола на  производниот процес по фази;
  • Одговара и врши контрола на квалитетот на готовото производство;
  • Предлага мерки и активности за порационално искористување на производните капацитети;
  • Врши увид во секојдневните лабораториски испитувања согласно ЕН нормите;
  • Изготвува извештаи и дава упатства за поквалитетно извршување на процесот на производство;
  • Технолог во производство е и претставник на работодавачот за Безбедност и здравје при работа, па во таа смисла  врши  работи согласно Законот за безбедност и здравје при работа;
  • Одговара за навремено и квалитетно извршување на работните задачи, како и за исполнување на договорени барања во врска со Политиката за квалитет, принципите и праксата во друштвото;

Ваши квалификации:

  • ВСС Технолог неоргански смер
  • Искуство во слични работни места е приоритет
  • Одлично познавање на Англиски  а по можност и  Германски  јазик
  • Одлично познавање на MS Office
  • Положен стручен испит за безбедност и здравје при работа би била предност
  • Возачка дозвола В категоија

Што нудиме:

Голема важност придаваме на силната волја и определеност кон резултати и учење, флексибилност, одлични комуникациски вештини и самоиницијатива во работата. Во рамките на меѓународните проекти, разбирањето на странските култури е додатен дел на успехот. Позицијата нуди можност за понатамошен личен и професионален развој во позитивна и динамична интернационална околина, со атрактивен пакет на приходи.

Се радуваме да се запознаеме!

Wienerberger е најголем светски производител на глинени градежни материјали како цигли така и покривни системи со 214 производни фабрики во 30 земји. Тондах Македонија АД е дел од групацијата на Wienerberger!

Вашата апликација со CV пратете ја до 07.04.2017 на e-mail на:

Тондах Македонија АД

Iskra [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »