STSS – Smart Traffic Safety Systems е стартап компанија која се занимава со паметни иновативни решенија за зголемување на безбедноста во сообраќајот.
Нашата компанија е создадена од група на луѓе кои сакаат предизвици и се пасионирано посветени на подобрување на околината.
Оригиналност, квалитет, посветеност на деталите, мултидисципинарност... тоа е она што ја дефинира нашата работа. Ние цениме искреност, посветеност кон работата, инженерски пристап, желба да се истражува, учи и да се поместуваат границите.
Во моментот имаме потреба од проширување на нашиот тим. Нашиот идеален кандидат е некој кој:
- Е креативен, мрази рутинска работа, и секогаш бара начин да ги подобри работите
- Има широк спектар на интереси и секогаш сака предизвици и да учи нови работи
- Има методичен инженерски пристап кон работата
- Знае да се фокусира на големата слика, но истовремено да ги решава тековните проблеми
- Е спремен на соработка, но може да работи и самостојно
- Ентузијаст, енергичен и позитивна личност
Потребни вештини:
- Изработка на 3D модели и симулација (AUTOCAD, SOLIDWORKS…)
- Изработка на работилнички цртежи
- Анализа на зададени проблеми и изготвување на предлог решенија по однос на истите
Потребни квалификации:
- Дипломиран Машински инженер (како предност ќе се смета смер Мехатроника)
- Солидно познавање на програми за 3D моделирање и симулација (SOLIDWORKS, AUTOCAD...)
Работното искуство е предност, но не е пресудно.
Доколку сте заинтересирани, сметате дека ги исполнувате наведените услови и верувате дека ќе можете да одговорите на предизвиците, испратете го Вашето CV на следнава e-mail адреса: [најави се за да го видиш е-маилот]