Машински инженер

За компанијата: БАТО & ДИВАЈН претставува компанија за високо-технолошко печатење, со доследност кон создавање на трајни печатарски импресии. Како проевропски конфигурирана full-service графичка компанија, специјализирана... повеќе за компанијата »

Bato&Divajn Graphic Center водечка компанија во графичката индустрија, објавува оглас за вработување на:

Машински инженер

Потребни квалификации:

  • Завршено релевантно високо образование;
  • Претходно работно искуство на слична работна позиција во сегментот на Б2Б продажба на (индустриски) печатени флексо материјали, следење, организирање и координирање на процесот од нарачка преку производство до испорака на печатени ќе се смета за предност;
  • Подготвеност за адаптација и учење на имплементираните работни системи и софтвери, дополнителна аналитичка анализа на барањата за понуди за печатени материјали, изработка на калкулации и доставување на понуди;
  • Подготвеност за дневна координација со производниот оддел за статус на производство, планирани испораки, состојба на технички ресурси, лагер на репро материјал и потребни алати;
  • Одлично познавање и активно користење на деловен англиски јазик (пишан и говорен), (познавање на друг ЕУ странски јазик ќе се смета за предност);
  • Одлично познавање и напредно работење со апликациите од MS Office пакетот (Word, Excel, Power Point, Outlook);
  • Високо развиени комуникациски, организациски, преговарачки и презентациски способности;
  • Способност за работа во динамично работно опкружување и индивидуално исполнување на поставени таргети за продажба;
  • Лична и професионална ефективност во реализација на повеќе истовремени работни задачи;
  • Подготвеност за патувања во и вон државата;
  • Возачка дозвола Б категорија.

Сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат наведените квалификации потребно е да достават (по пошта или e-mail) кратка биографија (CV) и скорешна фотографија со наведување на позицијата за која аплицираат, најдоцна до 15.03.2017 год. на:

Графички центар БАТО & ДИВАЈН

ул. Борис Трајковски бр.314, 1000 Скопје,

e-mail: careers@batodivajn.com

www.batodivajn.com

* Ќе бидат контактирани кандидатите кои ќе бидат повикани на селекциско интервју

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »