Адвокатска канцеларија Атанасовска повеќе од 8 години активно работи на предмети од деловното право (трговско и трудово право), право на интелектуална сопственост и граѓанско право; а воедно посветено работи и на стручното оспособување на вработените и одржувањето на пријатна работна атмосфера при работењето.
Канцеларијата има отворена позиција за АДВОКАТСКИ ПРИПРАВНИК и СТРУЧЕН СОРАБОТНИК/АДВОКАТ.
Кандидатот приправник е потребно да ги има следните квалификации:
- Завршен правен факултет прв циклус студии и/или и втор циклус студии од областа на правото;
- Добро познавање на Microsoft Office апликациите; и
- Добро познавање на англиски јазик;
Кандидатот стручен соработник или адвокат е потребно дополнително да има и:
- Положен правосуден испит/Адвокатска лиценца; и
- Работно искуство како стручен соработник/адвокат од најмалку 1 година.
Ве молиме Вашите лични апликации во форма на CV да ги испратите на [најави се за да го видиш е-маилот] и на [најави се за да го видиш е-маилот] најдоцна до 10.04.2024 година.
Ви благодариме однапред за интересот!