Инспектор за квалитет

Активни огласи од ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ ИЛИНДЕН:

Автомеханичари

Ван Хоол Македонија, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик/Илинден, контакт тел.бр. (02) 551-2851, има потреба од новo вработувањe за извршување на работни задачи на работно место:

ИНСПЕКТОР ЗА КВАЛИТЕТ


Одговорности и задачи:

  • Влезна инспекција;
  • Финална проверка на производот;
  • Надгледување на примената на системот за квалитет во сите фази од производството, преку проверки и ревизии;
  • Предлагање на корективни и превентивни мерки произлезени од процесни ревизии;
  • Проверка на контролните книги;
  • Тест возење на автобуси и прибележување на неусогласеностите кои произлегле од истиот


Потребни квалификации:

 

  • ВСС – Машински Инженер;
  • Претходно искуство со системи за квалитет (ISO) ќе се смета за предност;
  • Пожелно претходно работно искуство во авто-индустрија;
  • Искуство со заварени конструкции;
  • Напредно познавање на Microsoft Office;
  • Течно зборување и пишување на Англиски и Македонски јазик;
  • Поседување на возачка дозола од Ц и/или Д – категориите 

Доколку сте заинтересирани испратете го Вашето CV (работна биографија) на англиски или на македонски јазик на www.vanhool.mk, во делот “отворени работни места”.
Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор. 

Краен рок за доставување на апликациите: 31/03/2017

Исклучиво апликациите доставени преку www.vanhool.mk ќе бидат земени во предвид.

КЛИКНИ