Промовирани огласи »

Граѓаните денес ги бојкотираат маркетите во знак на протест против високите цени на производите. Оваа иницијатива, поддржана од граѓани, синдикати, невладини организации и политички партии, има за цел да им испрати „црвен картон“ на трговците кои, според нив, остваруваат огромни профити на сметка на народот. Според податоците, големите маркети пријавиле профити од 1,4 до 10,3 милиони евра во 2023 година, а маржите кај некои достигнуваат и 37%.

Бојкотот доби регионален карактер, со најави за слични акции во Србија, Хрватска, Словенија и Црна Гора. Сојузот на синдикати и Организацијата на потрошувачи предупредија дека купувањето во четврток или сабота може да го намали ефектот од протестот. Граѓаните се поделени во однос на очекуваните резултати, некои веруваат дека бојкотот ќе изврши притисок врз маркетите, додека други сметаат дека се неопходни законски реформи за трајно решение.

Промовирани огласи »

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 1,100 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 27.01.2025 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 44,531 ден/кг.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат, односно остануваат на исто ниво, како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените.

деривати и горива за транспорт од 27.01.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 80,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 82,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 74,50 ден/лит, додека малопродажната цена н Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 73,50 ден/лит.

Промовирани огласи »

Првиот човек во ресорот здравство, Арбен Таравари соопшти дека Клиниката за онкологија има склучено договори со повеќе веледрогегии како „Алкалоид“, „Пановски“ и уште 2-3. Вели дека отворена е конкуренцијата и се нема предрасуди. Вредноста е некаде од 500 до 700 илјади денари.

Дел од терапијата е веќе стигната, утре стигнуваат уште два и во понеделник уште лекови, информира денеска Таравари. Според министерот, „првпат се случува во нивно време, десет дена да нема терапија“, но, како што вели, „95% од пациентите се третираат и има терапија и немаше само за 5%“.

По вчерашниот случај со фатениот хирург од Битолската клиничка болница како прима мито од пациент, Таравари смета дека Лекарската комора треба да му ја одземе лиценцата, доколку се докаже обвинението, но, како што вели, тоа е прашање за претседателот на ЛК.

Постои мито – тоа е непобитен факт, меѓутоа колку е тоа, треба да се докаже и да има судска пресуда. Ги охрабрувам сите кои ќе имаат факти, да ги донесат кај нас, во МВР или кај раководителите на клиниките, изјави министерот.

На новинарско прашање дали треба јавно да бидат имињата на докторите кои бараат мито, Таравари вели дека постои презумција на невиност и дека „не се судии ниту полиција“.

Промовирани огласи »

Претстојниот месец, февруари, нема неработни денови. Следниот неработен ден за сите граѓани, ќе биде во април. 

Рамазан Бајрам ќе биде неработен ден. Следен неработен ден во април е 20. кога се слави Велигден. 

Ова се сите неработни денови во 2025 година:

За сите граѓани

  • 30 март (недела), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, односно 01 април (понеделник) е неработен ден
  • 20 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар,
  • 01 Мај (четврток), Ден на трудот
  • 24 Мај (сабота) „Св. Кирил и Методиј“- Ден на сесловенските просветители,
  • 02 Август (сабота), Ден на Републиката,
  • 8 Септември (понеделник), Ден на независноста
  • 11 Октомври (сабота), Ден на народното востание,
  • 23 Октомври (четврток), Ден на македонската револуционерна борба
  • 8 Декември (понеделник), „Св. Климент Охридски”.
  • За граѓаните од православна вероисповед
  • 18 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден,
  • 6 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,
  • 28 август (четврток), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед

  • 20 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден,
  • 01 ноември (сабота), Празникот на сите светци,
  • 25 декември (четврток), првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска вероисповед

  • 6 јуни (петок), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

За граѓаните припадници на албанската заедница во РСМ

  • 22 ноември (сабота), Ден на албанската азбука

За граѓаните припадници на ромската заедница во РСМ

  • 08 април (вторник), Меѓународен ден на Ромите

За граѓаните припадници на влашката заедница во РСМ

  • 23 мај (петок), Национален ден на Власите

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РСМ

  • 2 октомври (четврток), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РСМ

  • 28 септември (недела), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница во РСМ

  • 21 декември (недела), Ден на настава на турски јазик. 
Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »