КАРИЕРА ОНЛАЈН ДОО Скопје е посветена на заштита на приватноста и интегритетот на личните податоци со кои доаѓа во контакт во текот на своето работење. Во овој документ за применета политика за приватност (privacy policy) се назначени видовите лични податоци кои ги примаме и собираме при користење на веб-сајтот KARIERA.mk, како и некои од чекорите кои ги преземаме за нивна заштита.

Основни одредби

Сите приватни податоци под контрола на КАРИЕРА ОНЛАЈН ДОО Скопје се добиени доброволно, преку експлицитна согласност на нивните сопственици, или од трети страни кои ја имаат добиено согласноста на сопствениците за таа намена. Личните податоци под контрола на КАРИЕРА ОНЛАЈН ДОО Скопје се користат само за намената за која се собрани, а доколку има потреба да се искористат и за други цели, тоа се прави само со експлицитна дозвола од нивните сопственици. Политика на КАРИЕРА ОНЛАЈН ДОО Скопје е записите кои содржат лични податоци да се уништуваат/бришат по истекот на рокот за нивно чување, доколку е определен со договор или закон, или по завршувањето на проектот во рамки на кои биле собрани. Податоците кои се прибираат преку веб-сајтот на KARIERA.mk се користат само за статистички потреби, а не и за следеење на активноста на поединечни корисници. Во случај на криминална истрага, КАРИЕРА ОНЛАЈН ДОО Скопје се придржува до важечките закони на Р. Македонија и податоците собрани со активноста на веб-сајтот се достапни на органите на прогон само со валиден судски налог, со исклучок на случај на злоупотреба на нејзин информациски систем или веб-сајт, кога логовите може се испитуваат и анализираат и во предистражната постапка.

Корисници на KARIERA.mk

Корисници на сајтот може да бидат полнолетни физички лица или компании. Физичките лица се зачленуваат со е-маил или Facebook сметка и доколку за забележи злоупотреба со лажни податоци сметката ќе биде избришана. При регистрација на компанија, се проверува дали таа е регистрирана и дури тогаш се одобрува нејзиното активирање на сајтот.

CV - Кратки биографии на корисниците

CVата кои корисниците ги прикачуваат на сајтот KARIERA.mk, или пак ги внесуваат, се видливи само за нив и за компаниите каде корисникот аплицирал на некој од огласите на таа компанија. Доколку корисникот ја затвори сметката, сите податоци ќе бидат уништени/избришани.

Аплицирање на оглас

Кога корисникот аплицира на оглас, неготово CV може да го види компанијата каде аплицирал. Доколку корисникот кој аплицира нема сметка на KARIERA.mk, таа ќе биде отворена (креирана) за што корисникот ќе биде известен на е-маил.

Бришење на профил и кориснички податоци

Бришењето на профил креиран на KARIERA.mk и сите кориснички податоци поврзани со него како и логови, се прави со пишување на „Барање за бришење на профил“ на [email protected] од истиот е-маил од кој е креиран профилот.

Сопствена одговорност на содржината

Содржината која корисниците ја внесуваат на сајтот мора да биде вистинита и нивна. Кариера Онлајн го задржува правато за промена, дополнување или бришење на било кој дел од страницата или на целата понуда без претходно известување, како и за времено или трајно запирање на објавата. Одговорноста за содржината на огласите, сликите, видео-клиповите, профилите или другите прилози лежи исклучиво кај корисниците. Кариера Онлајн не ја сноси одговорноста за потеклото на производот/услугата која е предмет на огласување.

Бришење на содржина

Корисникот може во било кое време сам да ја избрише содржината (оглас или др.) што ја има објавено на KARIERA.mk.

Недопуштени содржини

Освен, забранетите содржини со закон, недозволиво е огласување со следнава содржина:

  • Рекламирање на други интернет страници и фирми, особено веб страници за мали огласи, продавници за е-трговија, аукции на интернет.
  • Очигледно несериозни и недоволно опишани огласи за работа.
  • Натпревари, обложувања од секаков вид, вклучително и лото и други игри на среќа.
  • Кредити, заеми и финансиска поддршка без целосен податок за домашната адреса на кредитната институција.
  • Инвестиции, хартии од вредност, особено акции.
  • Платени телефонски броеви како и СМС услуги.
  • Навредливи, нападни или дискриминирачки изрази.
  • Расистички, клеветнички, насилни или противуставни содржини.
  • Нелегални огласи, кои го загрозуваат или повредуваат правото или здравјето на трета страна.
  • Порнографија, вклучително порнографски и опасни за младината списи и предмети.
  • Понуди за проституција.
  • Контакт огласи во име на трета страна.
  • Платени телефонски услуги или упатување на комерцијални еротски страници.
  • Листи, папки или сл. кои ја содржат адресата на производителот, трговецот или снабдувачот.
  • Огласи на странски јазик без македонски превод.
  • Повеќекратно објавување оглас со идентична содржина – вклучително и во различни региони и рубрики.
  • Огласи/предмети од различни категории/индустрии во еден оглас.
  • Повеќе од едно возило или недвижност во еден оглас.
  • Линкови кои не се поврзани со огласот/предметот на огласување.
  • Сликите не смеат да содржат лого од компанија, телефонски број, веб страница и друга содржина која може да се толкува како маркетинг.
  • Слики за кои корисникот нема авторски права.

Огласи кои не се во рамките нa правилата на Кариера Онлајн и огласи кои не се не во рамките во согласност со законски прописи во Македонија нема да бидат објавени.

Недопуштени предмети

Недопуштени предмети како за понуда, така и за побарувачка се:

  • Украдени, фалсификувани или неодобрено копирани предмети од било каков вид, тука се вбројуваат и пиратериски продукти.
  • Лекови кои се издаваат на рецепт, фалсификувани лекови или лекови за кои постои основано сомнение дека се фалсификувани.
  • Дроги и стимуланти во рамките на законските прописи.
  • Радиоактивни супстанци, отрови, пиротехнички производи, експлозиви, како и други хемикалии штетни по здравјето.
  • Човечки органи, крв и други телесни течности, како и носена долна облека.
  • Оружје во поглед на законот на оружје, особено огнено оружје и оружје за сечење и прободување од било кој вид, како и муниција.
  • Службени униформи и пасоши од безбедносни области.
  • Продукти со ознаки на противуставни организации.

Авторизирање на KARIERA.mk за преземање на содржини

За да не објавува ист оглас на повеќе различни сервиси за огласување, корисникот може да ја авторизира KARIERA.mk да презема негови огласи кои се објавуваат на други веб сајтови за огласување, притоа корисникот гарантира дека огласите поврзани со неговата сметка се во согласност со Правилата на приватност на Кариера Онлајн и дека содржината е авторски негова (текст, слики и сл.). Корисникот во било кој момент може да ја прекине оваа опција. 

Користење колачиња

Веб-сајтот на KARIERA.mk користи колачиња или кукија (cookies) во следните случаи:

  • За спречување на двојно гласање при пополнување на анкети или други форми.
  • При најавување на корисници во делот заштитен со налог и лозинка, кој не е јавен.
  • За соодветно претставување на персонализирана верзија како избран јазик, поставувања на насловна страна и сл.
  • Колачиња од трети апликации (социјални мрежи, бројачи и сл.).

Серверски логови

За секој од веб-сајтовите на КАРИЕРА ОНЛАЈН ДОО Скопје соодветниот веб-хостинг провајдер води логови на серверот, во кои се запишува IP адреса, пребарувач, оперативен систем, датум и време на пристап, реферер (претходно посетена веб-адреса) и преземена датотека од сајтот, за секоја таква операција. Со овие логови се постапува во согласност со општите одредби, или индивидуалната политика за приватност на провајдерот, кој е задолжен да постапува во рамките на Законот за заштита на личните податоци и Законот за електронски комуникации на Р. Македонија.

Екстерни бројачи на посети

Заради зголемена транспарентност и споредбени анализи, веб-сајтот на KARIERA.mk користи екстерeн бројач на посети. Екстерниот бројач има пристап до следните податоци за посетителите: IP адреса, разгледувач, оперативен систем, датум и време на пристап, реферер (претходно посетена веб-адреса) и посетени веб-страници од сајтот во кои е вметнат кодот од бројачите. Бројачот става на располагање на јавноста дел од деталните податоци за последните 100 посетители, со прикривање на дел од IP адресата, како и статистички податоци за бројот на посети и отворени страници во последните 12 месеци.

Е-пошта

Податоците кои посетителите ги испраќаат доброволно преку е-маил и формуларот за контакт се сметаат за службена тајна и се чуваат во согласност со општите одредби и правилата и прописите за архивско работење. Тука спаѓаат и нивната адреса за е-пошта, име, презиме, поштенска адреса, телефон.

Известувања и маркетинг

Дел од личните податоци како е-маил или телефон (Viber, WhatsApp...) се користат за испраќање на известувања од сајтот или за директен маркетинг до корисникот. Секоја од опциите корисникот може да ја исклучи (unsubscribe, block и сл.).