Промовирани огласи »

„Honda“ ги објави првите фотографии од новата генерација на „Civic Type R“ и откри дека премиерата на овој модел ќе се случи следната година.

Инженерите моментално го тестираат автомобилот на Нирбургринг, а презентираниот прототип е покриен со камуфлажа. Сепак, може да се види дека промените во дизајнот ќе бидат еволутивни и спортската верзија нема значително да се разликува од стандардниот модел.

Сегашниот „Honda Civic Type R“ (FK8) се произведува од 2017-та година. Хечбекот е придвижуван од 2.0-литарски 4-цилиндричен бензински турбо мотор кој развива 320 ks и 400 Nm. Тракцијата се пренесува на предните тркала со 6-брзински мануелен менувач, а „Honda“ веќе најави дека овој погон ќе остане. Според Јапонците, додавањето на систем 4х4 ќе ја зголеми тежината, што ќе предизвика други проблеми, вклучително и сериозен пораст на цената на моделот.

Се очекува новиот „Civic Type R“ да го задржи својот мотор, но малку да ја зголеми моќноста. Гласините за хибридна единица со два електрични мотори никогаш не се потврдуваат, особено затоа што конкурентите како „Ford“, на пример, ја напуштија идејата. Новиот „Focus RS“ се очекуваше да биде хибрид, но „Ford“ ја отфрли можноста поради економската нецелисходност.

Премиерата на моделот на „Honda“ ќе се случи следната година. Возилото ќе добие изменет ентериер, прилагодена суспензија и диференцијал со зголемено триење. Ова воедно ќе биде и најновиот модел на „Honda“ кој не е електрифициран за Европа.

Тагови: Honda

Промовирани огласи »

Сопственикот на Фејсбук загуби 6,6 милијарди долари за неколку часа

По падот на Фејсбук, богатството на Цукерберг се топи

Поради глобалниот пад на социјалните мрежи и услуги, основачот на Фејсбук, Марк Закерберг, кој ја поседува оваа компанија, загуби 6,6 милијарди долари и падна на шестото место на листата на „Форбс“ за најбогати луѓе во светот.

Според Форбс во реално време, богатството на Закерберг опаднало за 5,4 проценти, или 6,6 милијарди долари, на 116,1 милијарди долари.

На тој начин, шефот на Фејсбук го предал петтото место на листата на најбогати луѓе на коосновачот на софтверската програма „Оракл“, Лари Елисон, чие богатство изнесува 117,8 милијарди долари.

Во понеделникот, корисниците на Фејсбук, Инстаграм и ВатсАп ширум светот пријавија огромни прекини во работата на овие мрежи. Потоа имаше извештаи за проблеми во работата на Телеграм, Твитер, Гугл и Тикток.

Социјалната мрежа Фејсбук е основана од тогаш 19-годишниот Закерберг во февруари 2004 година. Седиштето се наоѓа во Менло Парк (Калифорнија). На Фејсбук исто така припаѓаат Месинџер, Ватсап и Инстаграм.

Промовирани огласи »

MY SPA, масажа во вашата канцеларија!

Дознајте повеќе за условите и како да нарачате масажа во вашите канцеларии!

Доколку размислувате како да се релаксирате на вашето место или пак имате немате идеја како да ги наградите вашите вработени за добро сработеното во изминатиот период, оваа содржина ќе ви даде вистинска идеја како да го сторите тоа!

My Spa е прва компанија во Р.Македонија која нуди масажа на работното место и на настани. Придобивките се бројни но секако убаво е да истакнат сите бенефити кои ке ги добијат вашите вработени од нивните услуги:
• подобра циркулација
• концентрација
• зголемување и подобрување на тонусот на мускулатурата
• намалување и исчезнување на болките во вратот главата и рамената.


Континуираното користење на нивните услуги ке им придонесе на вашите вработени поголема флексибилност и ослободување на акумулираниот стрес.
Се ова допринесува за поголема продуктивност, намалена отсутност на вработените и позитивна енергија во текот на работниот ден.

Цената за овој тип на услуга изнесува 1500денари за 60минутен престој на еден физиотерапевт во вашата компанија.
Што се однесува до масажата, може да биде со времетраење од 12минути па се до 45минути за едно лице. (препорачливо време 15-20минути)

За повеќе детали и информации, слободно контактирајте ги на FB и Instagram или пак на [email protected]

Секој добар вработен заслужува да биде ценет и мотивиран. Придобивките на масажата на тело се непроценливи и од големо значење за целокупното функционирање на еден организам. Инвестирајте во вашето и во здравјето на вашите вработени и дајте им незаборавно искуство!
 

Промовирани огласи »

Над 10 илјади лица со високо образование се невработени – економисти и правници го преплавија пазарот на трудот

Експертите со препорака – дел од факултетите да се стават во мирување

Над 10 илјади лица со високо образование се невработени, економисти и правници го преплавија пазарот на трудот. Експертите со препорака – дел од факултетите да се стават во мирување.

Според анализите на Агенцијата за вработување, над 10 илјади лица кои се со високо образование се невработените. Од агенциите за посредување на работа велат дека најчесто тоа се економисти, правници, односно кадар за кои работодавачите во последно време намаат потреба.

-Работодавачите немаат потреба од правници, економисти и од другите општествени науки како од филозовски факултет, историчари на уметност, книжевност. Недостасува стручен кадар, од техничките дејности пред се , средно стручен кадар. Образованието е во расчекор со побарувачката на пазарот,  особено поради немање или минимална практична настава. Затоа при креирање на паралелките во средните училишта или смеровите на факултетите, треба да се следи потребата на пазарот на трудот односно на стопанството, вели за “Денар” Раде Ненадиќ од агенција за привремени вработувања.

Ненадиќ смета дека поради вишокот на кадар од општествени науки, потребно е одреден период економскиот, правниот и другите факултети за општествени науки да се стават во мирување и да се генерира потребен кадар, затоа што вака се соочуваме со нарушување на пазарот на трудот бидејќи има доста економисти кои на пример  не можат да најдат работа за тоа шти учеле и работат сосема нешто друго.

Уште еден проблем вели Ненадиќ се и платите кои се нудат. Никој  веќе не излегува да работи за плата под 20 илјади денари како порано.

-Огласи има, а имаше и минатата година но повторно станува збор за расчекор помеѓу понудата и побарувачката, но сериозно влијаат и ниските плати кои во принцип се во висина на минималната плата која изнесува 15 илјади денари. Од наше искуство никој од невработените не прифаќа плата под 20 или 22 илјади денари за основна работа или дневница помала од 1.200 до 1.500 денари. Веќе со години не важи поговорката – “Бадијала работи , бадијала не седи” , додава Ненадиќ.

Ненадиќ смета дека важна улога игра и здравственото осигурување кое е најголем проблем за младите да се нафатат за работа на определено време што е најважна можност да стекнат некое исксуство.

Во однос на медицинскиот кадар кој се покажа како дефицитарен, особено сега во услови на пандемија Ненадиќ тврди дека за овие лица платите се исто така мали во земјава, работата без дефиниран работен однос , неплатени и со долги специјализации и слично. Па така, секој кој може, заминува во странство  и работи за многу повисока плата од она што ќе му биде дадено тука. 

Според податоците на Агенција за вработување од 10.413 лица со високо образование повеќе од половина или 6.744 се жени. Невработени се и речиси 800-тини магистри и околу 30-тина доктори на науки.  Во моментов во АВРМ има и над 8. 000 слободни работни места. Најголем дел од огласите се продавачи, магационери, сметководители,  шанкери, но се бараат и лица со занает- електричари, бравари.

Во меѓувреме ССМ со сите засегнати страни работи на измени на законот за работни односи, каде синдикатите бараат договорите на определено,  да бидат пократки  од  една година , но работодавачите сметаат дека треба да бидат три години. Исто така синдикатите бараат и породилното одсуство да трае 12 месеци.

Државата  пак преку дуалното образование треба да го намали јазот меѓу понудата и побарувачката на кадар. Овој тип на образование значи дека дел од наставата учениците треба да ја поминат во училница, а дел од времето на пракса во компаниите.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »