Промовирани огласи »

Извршниот директор на „Alfa Romeo“, Жан-Филип Импарато, објави дека неговата компанија има во план да лансира еден нов модел годишно, кој ќе трае до 2026-та година. Марката потоа ќе стане производител на целосно електрични автомобили.

Имплементацијата на овој план започнува со сериска верзија на концептуалниот компактен кросовер „Tonale“, која ќе биде претставена во март следната година. Премиерата на моделот беше одложена бидејќи на Импарато не му се допадна хибридната погонска единица и нареди да се редизајнира.

Шефот на „Alfa Romeo“ е категоричен дека од 2027-ма година сите модели на марката ќе бидат електрични. Пред тоа, сепак, компанијата ќе мора да го подобри својот деловен модел, а тоа ќе се случи со вклучување на два нови кросовери во својата гама на модели. Едниот е „Tonale“, а другиот сѐ уште нема име, но ќе биде уште покомпактен.

Импарато додаде дека „Alfa Romeo“ одлучи да се фокусира на задоволството при возењето, а не на технологијата. Тој го повтори она што го кажа пред извесно време, имено дека „не сака да продава „iPad“ со автомобил“. За таа цел, „Alfa Romeo“ ја напушта платформата „Giorgio“, која е основа на сегашните модели на брендот – „Giulia“ и „Stelvio“. Таа ќе биде заменета со „STLA-large“, кој исто така ќе го користи „Maserati“.

Промовирани огласи »

Премиерот Зоран Заев, заедно со министерот за правда Бојан Маричиќ и претседателот на Основниот суд во Кавадарци, Лазар Нанев, денеска одржаа заедничка прес-конференција на која ги претставија резултатите од процесот на системска дигитализација на судството.

Во оваа пригода премиерот Заев истакна дека дигитализацијата е меѓу врвните приоритети со кои се затвораат одделни теми од владината „Акција 21“ и „Европа дома“ и порача дека овој процес треба да биде приоритет за сите министри, директори, градоначалници, како и за сите одговорни луѓе во правосудството и другите општествени дејности кои вршат сервиси за граѓаните.

Премиерот Зоран Заев, заедно со министерот за правда Бојан Маричиќ и претседателот на Основниот суд во Кавадарци, Лазар Нанев, денеска одржаа заедничка прес-конференција на која ги претставија резултатите од процесот на системска дигитализација на судството.

Во оваа пригода премиерот Заев истакна дека дигитализацијата е меѓу врвните приоритети со кои се затвораат одделни теми од владината „Акција 21“ и „Европа дома“ и порача дека овој процес треба да биде приоритет за сите министри, директори, градоначалници, како и за сите одговорни луѓе во правосудството и другите општествени дејности кои вршат сервиси за граѓаните.

Тој подвлече дека дигитализацијата на судството е само почеток на процесот на осовременување на услугите кон граѓаните по што ќе следува вградување на современа информатичка технологија во сите 34 судови во земјава со што ќе се обезбеди и судење на далечина, но и ќе се овозможува видеозапис од судењата.

За успешноста на овој процес сакам јавно да се заблагодарам на Врховниот суд и Министерството за информатичко општество, а ќе ја продолжиме соработката и со нашите стратешки партнери Соединетите Американски Држави кои дадоа голема поддршка за процесот за дигитализација на судниците ширум земјата но и со ОБСЕ и Норвешката влада, подвлече министерот за правда Маричиќ.

Судијата Нанев, како претседател на работната група за дигитализација на судството, истакна дека дигиталните услуги за издавање на уверенија се однесуваат на физички и на правни лица и ги опфаќаат сите основни судови кои постапуваат по кривични и прекршочни предмети.

Услугата овозможува електронско поднесување на барањето, електронско плаќање преку платежна картичка и електронско добивање на уверението во ПДФ формат со бар код – сертификат што подразбира поврзување на документот со електронски потпис и електронски печат на судот издавач на документот со кој се потврдува веродостојноста на документот. Користењето на дигиталната услуга е едноставно, брзо и лесно. Корисникот преку националниот портал за услуги https://uslugi.gov.mk/ се најавува со корисничко име креирано за добивање и користење на услугите на УЈП, појасни Нанев.

Промовирани огласи »

Цените на храната се зголемија во септември на светските пазари, втор месец по ред, достигнувајќи рекордно ниво во изминатите десет години, поттикнати од поскапувањето на житариците и растителните масла, соопшти денеска Агенцијата за храна на Обединетите нации (ФАО).

Индексот на цените на храната на ФАО, кој ги следи цените на кошницата со основни прехранбени производи, се зголеми за 1,2 процента во септември во однос на ревидираната вредност во август, достигнувајќи просечни 130 бодови, што е највисока вредност од септември 2011 година.

Во споредба со септември минатата година, е за една третина поголема.

Цените на житните култури најмногу се зголемија минатиот месец, за два отсто во споредба со август, одразувајќи го поскапувањето на пченицата за речиси четири проценти поради намалениот извозен капацитет во услови на силна побарувачка.

Меѓу главните житни култури, пченицата ќе биде во фокусот следните недели, бидејќи драстичниот раст на цените ќе ја тестира побарувачката, истакна високиот економист на ФАО, Абдолреза Абашијан.

Растителните масла, исто така, значително поскапеа, за 1,7 проценти во споредба со август, поради растот на цената на палминото масло под влијание на силната увозна побарувачка и загриженоста предизвикана од недостигот на работна сила во Малезија.

Цената на маслото од репка, исто така, значително се зголеми, додека сончогледовото и соиното масло поевтинија.

Во споредба со минатиот септември, цените на растителните масла се повисоки за околу 60 проценти.

Цените на млекото и млечните производи се повисоки за 1,5 проценти, како одраз на драстичниот пораст на цените на путерот и обезмастеното млеко во прав, погодени од побарувачката за увоз и ограничениот капацитет за извоз, особено во Европа, поради ниските резерви и сезонскиот пад на производството на млеко.

Шеќерот поскапе за 0,5 проценти во однос на август поради неповолните временски услови во најголемиот извозник – Бразил, што делумно беше компензирано со забавување на побарувачката за увоз и поволните можности за производство во Индија и Тајланд, покажуваат податоците на ФАО.

Цените на месото беа стабилни бидејќи поскапувањето на овчо и говедско месо поради малата понуда го надомести падот на цените на свинското и живинското месо од влијанието на изобилната понуда и послабата побарувачка за свинско месо во Кина и Европа.

Во одделен извештај за понудата и побарувачката на пазарите за житарици, ФАО прогнозираше рекордно производство на житни култури оваа година, од 2,8 милијарди тони, што малку ја зголеми прогнозата од август.

Шеќерот поскапе за 0,5 проценти во однос на август поради неповолните временски услови во најголемиот извозник – Бразил, што делумно беше компензирано со забавување на побарувачката за увоз и поволните можности за производство во Индија и Тајланд, покажуваат податоците на ФАО.

Цените на месото беа стабилни бидејќи поскапувањето на овчо и говедско месо поради малата понуда го надомести падот на цените на свинското и живинското месо од влијанието на изобилната понуда и послабата побарувачка за свинско месо во Кина и Европа.

Во одделен извештај за понудата и побарувачката на пазарите за житарици, ФАО прогнозираше рекордно производство на житни култури оваа година, од 2,8 милијарди тони, што малку ја зголеми прогнозата од август.

Промовирани огласи »

ССМ: Цените растат, минималната плата мора да се зголеми

По зголемувањето на сумата за основната потрошувачка кошница

Сојузот на синдикати на Македонија по завршувањето на Конференција по повод Денот на пристојна работа порача дека мора да се исполнат најавите на премиерот Зоран Заев за покачување на минималната плата на 18.000 денари поради растот на цените во потрошувачката кошница.

Поради се поевидентното зголемувањето на цените, очигледно е дека ни треба зголемување на платите со кој ние како работници без да се грижиме за нашата егзистенција ќе можеме да си ги овозможиме најмалку трошоците во висина на една синдикална потрошувачка кошница.

Затоа, ако само просечната плата расте, а минималната плата стагнира односно минимално се усогласува без да бидат прифатени забелешките на синдикатите, ќе имаме тренд на осиромашување на граганите, гласи соопштението на ССМ.

Според синдикатот, студиите покажале дека покачувањето на минималната плата од 2017 година, немало никакви негативни ефекти врз фирмите, а ја зголемило нивната профитабилност, и дека во наредниот период слободно може да се оди со натамошни покачувања на минималната плата.ОД сојузот велат дека во услови кога Синдикалната минимална кошница за август 2021 година изнесува 34.342,00 денари, постои реална потреба од зголемување на минималната плата. Доколку минималната плата дојде до висина од најмалку 18.000 денари, тогаш две минимални плати би биле доволни да ја покријат синдиканата минимална кошница што би значело подобрување на животниот стандард на македонскиот работник на кој очигледно му е потреба плата за живот.

Сојузот на синдикатите на Македонија оправдано во изминатиот период укажува и бара минималната плата да изнесува најмалку во висина од 60% од просечната плата, а во таа насока е и изјавата на Претседателот на Владата и иницијативата до крајот на 2021 година да се зголеми минималната плата на 18.000,00 ден. и со такво зголемување на минималната плата, истата ќе изнесува околу 63% од просечната плата со што би се остватриле заложбите на синдикатот и барањата на работниците.

Сметаме дека во наредниот период треба да се размислува и за промена на законското решение со кое ќе се спречи минималната плата да изнесува под 60 % од просечната плата, како и да се предвиди решение со кое и останатите плати ќе го следат растот на минималната плата преку што многу лесно ќе имаме зголемување и на просечната плата.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »