Системите за препознавање на лице што ги користи полицијата насекаде во светот, можат да бидат „измамени“ со малку шминка нанесена на одредени точки на лицето.

Едно истражување спроведено од Универзитетот Бен-Гурион во Израел укажува на една голема слабост на овие системи кои имаат се поголема примена во полицијата за препознавање на сторители на разни кривични декла. Но, сега е утврдено дека само малку шминка на вистинските места на лицето е доволна за да се измами вештачката интелигенција и да се спречи да го поврзе лицето со правилен идентитет.
Истражувачите развиле софтвер кој прикажува како може да се измами системот за препознавање на лица благодарение на шминката, поточно системот којшто создава мапа на лицето, истакнувајќи ги главните црти со кои системот со вештачката интелигенција се служи за да нè препознае.
Тргнувајќи од оваа мапа, софтверот на истражувачите создава дигитална проекција за еден од можните трикови за шминкање што треба да се примени на вистинските места за „сомнителното лице” да помине незабележано пред системот за препознавање лица.
Тестирањата направени со помош на десет мажи и десет жени на возраст од 20 до 28 години дале извонредни резултати – со примена на шминка онаму каде што е наведено со софтверот, вештачката интелигенција потфрлила, не успевајќи да го препознае лицето во 98,8% од случаите. Од друга страна, без примена на шминка системот го препознавал лицето во 47,6% од случаите. Препознавањето на лицето генерално функционирало полошо кај жените. Без шминка тие биле препознаени во 42,6% од случаите, наспроти 52,5% кај мажите, а со шминка во само 0,9% од случаите, наспроти 1, 5% кај мажите.