Global HR Summit 2019
12.02.2019
Организиран од P World и KARIERA.mk како ексклузивен партнер, вчера по втор пат се одржа водечкиот светски настан од областа на човечките ресурси. Брилијантните говорници од Facebook, Gazprom, Heineken, Carlsberg и други се претставија со свои презентации за денешните трендови во областа на HR.
Учесниците имаа можност да се стекнат со нови знаења и подобро да го разберат постојаното менување на трендовите од областа на човечките ресурси, со што во иднина ќе можат да ги подготват своите тимови за нови начини на работа и учење. Исто така, учесниците добија и практични совети кои ќе можат да ги искористат во нивната стратегија за раководење со човечки ресурси.
SERDZAN ŞIMŞEK ARNAUTOVIĆ од Facebook, кој е интернационален регрутер, оддржа интересна презентација за како најдорбо да се искористат Facebook алатките за професионални намени. Работел на проекти за регрутирање на некои од најголемите финансиски и технолошки институции, а сега работи во Facebook како регрутер за нивните различни позиции.
ROB VEERSMA, директор за обука и развој во Gazprom International е одговорен за спроведување на програми за обука. Како признаен светски HR експерт, има одржано голем број јавни презентации и акцент стави на развојот на технололошките иновации и дека наскоро очекува технологијата да го замени човекот во многу работни обврски.
ANDRE DE WIT има над 20 години работно искуство во меѓународни корпоративни организации. Како извршен директор тој водеше големи организации за малопродажба и трговија на големо во ИКЕА и Метро. Во текот на последните 6 години тој беше одговорен за учење и градење на способности во Метро и Карлсберг. На второто издание на Глобалниот самит за човечки ресурси во Скопје, Андре сподели некои од неговите стратегии за создавање на Вклучување на лидерство во ВУКА животна средина.
Со одлични презентации се претставија и OANA IORDACHESCU - менаџер за откривање на таленти во Criteo, MARTIN LEXA - извршен потпретседател за човечки ресурси и корпоративни комуникации во Molnlycke health care и OFELIA NIETO - корпоративен HR менаџер во Allfunds.
Преку 100 делегати научија повеќе за креирањето на лидерски особини од врвните светски предавачи.
Види ги останатите настани