СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА НАБАВКА НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА И УПРАВУВАЊЕ СО БАЛАНСНА ГРУПА (M/Ж)

За компанијата: ЕВН АД Скопје е енергетска компанија која на македонскиот пазар е активна од 2006 година. Дел е од ЕВН АГ Групацијата, водечки европски бренд за услуги во доменот на енергијата и животната средина. ЕВН... повеќе за компанијата »

EВН Македонија е компанија чија главна дејност е дистрибуција и снабдување со електрична енергија во Република Северна Македонија.  

КАРИЕРА ВО ЕВН 

За потребите на одделот Планирање и набавка на енергија, Група Набавка на енергија и управување со балансна група, бараме: 

 

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА НАБАВКА НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА И УПРАВУВАЊЕ СО БАЛАНСНА ГРУПА (M/Ж) 

 

Работни задачи и активности:

  • Анализа на пазарот на енергија во Македонија и во ЈИЕ, расположивите прекугранични капацитети, цените на регионални берзи на  енергија; 
  • Развој на стратегии за набавки на енергија на отворен пазар, дефинирање на временски рамки и продукти за набавка на енергија   
  • Изготвување на  договори за набавка на електрична енергија   
  • Изработка на бизнис модели за оптимизација на енергетско портфолио   
  • Спроведување и учество во  постапки за набавка на електрична енергија на отворен пазар 
  • Моделирање и управување на енергетски ризици кои имаат влијание на компанијата   
  • Управување со балансни групи, пресметка и алокација на балансните трошоци во рамките на балансната група  

 

Потребни квалификации:

  • Високо образование со завршен ФЕИТ, Машински Факултет, ПМФ – Институт за математика (студии по применета математика, математичко програмирање); 
  • Одлично познавање на MS Office, VBA 
  • Аналитички вештини, прецизност во работата со голем број на податоци; 
  • Познавање на пазарот на електрична енергија во РМ   
  • Солидно познавање на Англиски и/или Германски јазик; 
  • Развиени комуникациски вештини; 
  • Искуство во работа со кратки рокови;  

 

Испратете ја Вашата куса биографија и мотивационо писмо на [најави се за да го видиш е-маилот] , или потполнете ја електронската апликација на нашата интернет-страница www.evn.mk најдоцна до 17.04.2019

 

Ги покануваме да аплицираат сите кандидати кои ги исполнуваат условите. 

 

ЕВН Македонија е компанија која нуди еднакви можности и правичен третман при вработување на сите лица без оглед на нивната раса или етничко потекло, боја на кожа, пол, возраст, здравствена состојба, вид на попреченост, религиско, политичко или друго убедување, членство во синдикати, национално или социјално потекло, семеен или социјален статус, полова определба или други лични услови.  

 

Напомена: Доколку сакате Вашите податоци да бидат зачувани во нашата база на податоци согласно Законот за заштита на лични податоци, треба да испратите и изјава за дозвола за користење на лични податоци за потребите за вработување

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »