Промовирани огласи »

KARIERA.mk со радост ви ја најавува соработката со kariera.gr преку организација на Employer Branding работилница на 17.04.2024 во Skopje Marriott Hotel. Предавач на работилницата ќе биде Nikos Foros, Head of Employer Branding Soultions, Kariera.gr од Атина!

КУПИ КАРТИ ТУКА

Оваа работилница е наменета за сите HR и маркетинг професионалци и ентузијасти! Научете стратегии за зајакнување на репутацијата на вашата компанија и станете работодавач бр.1 во очите на вашите потенцијални апликанти. На настанот ќе бидат вклучени методи за привлекување, ангажирање и задржување на врвни таленти преку градење на бренд кој ги одразува вредностите и културата на една компанија.

Оваа интерактивна работилница ќе ве научи на практични техники за издигнување на вашиот бренд и привлекување на најдобрите кандидати!

Повеќе информации на 077 888 722. За влезници на фактура пишете на [email protected].

EARLY BIRD картите се пуштени во продажба до 5.04.2024 со цена од 3.000 ден+ ддв и истите можете да ги купите ТУКА!

Промовирани огласи »

Во Македонија, најновите статистички податоци покажуваат дека недвижнините поскапуваат со висока стапка од 20,6 отсто. Најверојатната причина за сегашниот раст е тоа што од 2020 година земјата веќе е во формални преговори за влез во ЕУ и дури сега се забележува како место за инвестирање. Истото важи и за Албанија, која е следна во рангирањето по поскапување.

Денешното издание на бугарски „24 Часа“ потсетува дека, покрај становите во Скопје, атрактивни за купување се и градежните парцели во Охрид, иако не се покрај езерскиот брег.

Како што објави истражувањето на 24 Часа, најголем раст на цените на недвижнини на годишно ниво во регионот има Македонија - 20,6, по што следуваат Албанија (17,6), БИХ (17,0), Грција (13,4), Бугарија (9,2), Црна Гора (9,0),Србија (6,5), Романија (6,49),Хрватска (3,5).

Во Албанија, трендовите првенствено се водени од имотите за одмор и од можностите за купување дом на Јадранот. Ообено во Саранда. Локалниот пазар главно привлекува странци од скандинавските земји кои купуваат викендици. Фактор е и географската локација - Крф, на пример, е многу блиску до Саранда, а оттаму лесно и брзо се стигнува до популарните дестинации како што се Хрватска и Црна Гора.

На албанските сајтови за недвижнини, често може да видите понуди за станови со поглед на море во Саранда или Валона со цени од 100-150 илјади евра за 80-100, па дури и 120 квадратни метри Згора на тоа, особено во Саранда е преполно со новоизградени отворени и затворени станбени комплекси.

Сосема поинаква е причината за поскапувањето на недвижностите во Босна и Херцеговина, каде минатата година растот беше 17 отсто.

„Извештајот на Светска банка од пред две години покажа дека пазарот за недвижнини во оваа држава се развива со високо темпо пред се поради масовните купувања на домови и канцеларии канцеларии од странци од Блискиот Исток и Турција“, пишува 24 Часа.

Во Црна Гора поскапувањето на недвижнините на годишно ниво е 9 отсто. Има просперитетен туристички сектор и се стреми да привлече побогати туристи. Зделките за имоти за одмор се зголемија за 10 во секоја од последните неколку години, но исто така и другите недвижнини се со голема побарувачка.

По главниот град Подгорица, најголем интерес има за Будва, Херцег Нови, Котор, Тиват и воопшто градовите на јадранскиот брег. Но, и покрај уникатната природа, просечната вредност на станбените имоти во Црна Гора е 1500 евра по квадратен метар.

Во Србија (поскапување од 6,5 отсто) работите се сменија по Берлинскиот процес, во кој ЕУ ги вклучи земјите од Западен Балкан во серија проекти за изградба на инфраструктура за зајакнување на економскиот развој и стабилност во целиот регион. Така, од 2018 година, изградбата и цените на куќите се зголемија, а исто така и кредитирањето.

Централната банка толку ги заостри условите за одобрување кредити што каматната стапка на становите, која до средината на 2023 година изнесуваше околу 6 отсто, а сега е 8 проценти. Според извештајот на Здружението на банки во Србија за 2023 година, бројот на повлечени кредити драстично е намален.

Просечната цена на станбениот имот во Србија до почетокот на 2023 година изнесуваше околу 1.700 евра за метар квадратен. Оттогаш почна нагло зголемување и моментално е близу 2 илјади евра.

Промовирани огласи »

Претстојниот месец април има еден неработен ден за сите граѓани во земјава. 

Согласно календарот на неработни денови, 10 април (среда), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам ќе биде неработен за сите граѓани. 

По април, во месец мај неработни денови за сите се:

  • 1 мај (среда), Ден на трудот
  •  6 мај (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар
  • 24 мај (петок) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители

Први април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден ќе биде неработен за припадниците на католичната вероисповед во земјава. 

Осми април (понеделник), кога се одбележува Меѓународниот ден на Ромите ќе биде неработен за припадниците на ромската заедница во земјава. 

Промовирани огласи »

Вработениот треба да го почитуваме пред се како личност  како особа која има свои потреби и нормално другото после останува плата и се што следува со работниот однос така да секогаш мотивира вниманнието и наградата. Рептил е компанија која што сега брои 25 продавници со 300 вработени. Рептил не стана компанија со 80 продавници и со илјадници вработени, а зошто, затоа што нашиот фокус беше на условите што ги имам со сопствени средства да направиме задоволни вработени. Со тоа нашата компанија покажува проток на вработените, значи ние имаме над 60% вработени кој што се над 20 години кај нас значи лојалноста е најголемиот успех за нас лојалноста и стабилноста значи. - вели Даница Личанин Блажеска - Сопственик на Рептил Маркети

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »