Промовирани огласи »

Томас Корли пет години ги проучувал најбогатите луѓе во светот за да открие дали имаат некои заеднички карактеристики и заклучи дека сите ги одбегнуваат истиот тип на луѓе - песимистите.

Милионерите многу внимаваат на тоа со какви луѓе се опкружени, успешен си толку колку се успешни и луѓето околу тебе. Затоа богаташите секогаш се дружат со луѓето кои се оптимисти, кои имаат ентузијазам и амбиции и кои секогаш позитивно гледаат во животот, напиша во неговата книга „Change Your Habits, Change Your Life“.

Од испитаниците, 86 отсто рекле дека се дружат со други успешни лица кои секогаш размислуваат за тоа како да постигнат нешто повеќе и дека ги одбегнуваат негативните личност, „токсичните“ луѓе.

Долгорочниот успех е можен само ако позитивно гледате на својата околина - заклучи тој. 

Промовирани огласи »

Службеник во книговодство, шминкер, масер и негувател на стари лица, се занимања кои се бараат на пазарот на труд, а за кои ќе се се обучат 220 млади лица, кои од денеска може да се пријавуваат во Агенцијата за вработување.

Ова го соопшти денеска на прес-конференција директорот на Агенцијата за вработување Влатко Попоски, кој истакна дека целна група се невработени лица до 29 години со завршено средно или високо образование, регистрирани како невработени лица, активни баратели на работа во АВРМ.

Ги повикувам сите млади лица кои се невработени, а имаат потреба од дополнителна обука за да дојдат до работно место или да се самовработат да се пријават на овие обуки - рече Попоски.

Обуките се спроведуваат во рамки на проектот „Поддршка за вработување на млади“ кој е трет директен грант финансиран од ЕУ во износ од 205.333 евра. Мерката треба да се импелментира во рок од една година. Обуките ќе траат четири месеци и за времетраење на обуката учесниците ќе добиваат месечен надомест од 6.261 денар со вклучен персонален данок на доход и осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување. Сертификатот што ќе го добијат ќе може да го користат, како во Македонија така и во странство.

Преку овој проект досега се обучени вкупно 2.256 лица од кои 41 процент се вработени. Најави дека ќе следат и дополнителни 10 обуки за занимања за кои ќе се покаже потреба од истражувањето на пазарот на трудот.

Главната цел на оваа мерка е подобрена перспектива за вработување на младите, согласно потребите на пазарот на трудот, а воедно и намалување на невработеноста кај младите. 

Промовирани огласи »

Кинескиот милијардер и сопственик на компанијата „Алибаба“, Џек Ма предупреди дека војната ќе почне тогаш кога ќе престане трговската размена.

Говорејќи во Мелбурн на отворањето на седиштето на „Алибаба“ за Австралија и Нов Зеланд, Ма рече дека сите се загрижени поради „трговските војни“.

Доколку престане трговијата, почнува војната - нагласи кинескиот милијардер.

Ма, кој минатиот месец се состана со американскиот претседател Доналд Трамп  вети дека неговата комапнија ќе помогне во создавање на милион работни места во САД.

Промовирани огласи »

За неколку месеци доколку сон ви беше да патувате во Доха, ќе може да го исполните.

Имено, од 17 јули ќе може да патувате директно од Скопје до Доха, бидејќи авиопревозникот Катар ервејз ги потврди редовните летови на релација Скопје – Доха – Скопје. 

Според најавите на надлежните цените би биле поволни.

Министерот Владо Мисајловски потенцира дека остануваат на истиот курс, со иста политика, а тоа е привлекување на нови авиокомпании што ќе понудат нови дестинации со пристапни цени на билетите

Од ТАВ Македонија најавија преговори и со германската нискобуџетна авиокомпанија Еуровингс за воведување на две нови линии од аеродромот „Александар Велики“ при што се можни нови линии на релациите Скопје – Минхен – Скопје и Скопје – Дизелдорф – Скопје.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »