ЈСП ги потсетува граѓаните дека одредени категории лица имаат право на бесплатно користење на Жичарницата.
Право на превоз без надомест, секој работен ден на Жичарницата, имаат возрасните лица (жени над 62 год, мажи над 64 год) со приложување на лична карта или пасош, деца без родители и родителска грижа до 18 год, како и деца до 6 години.
Освен посочените категории лица, право на бесплатен превоз по еден ден во неделата е дозволен за средношколците, учениците во задолжително средно образование и тоа во среда, а неопходно е да се легитимираат со ученичка книшка.
И студентите имаат право на бесплатен превоз, во четврток, со приложување на индекс или студентска легитимација.
На децата без родители над 18 год, им следува 50 отсто попуст на редовната цена на билетот.
Жичарницата работи секој ден освен понеделник и секој последен вторник во месецот, од 10 до 20 часот.
Во период од 19-19.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 19.45 часот е последно возење од врвот надолу.