Промовирани огласи »

62 129 лица или 4.1 отсто од вкупното население во земјава се со незавршено основно образование, покажуваат податоците од Пописот спроведен минатата година. 

 Над 95 проценти од резидентно население на возраст од над 15 години во државата се писмени, додека 1,2 проценти или 18 897 се неписмени. 

Голем број од популацијата има завршено само основно образование, но треба да се има предвид дека според движењето на населението, во земјата се останати повозрасни луѓе кои се школувале во време кога средното образование не било задолжително како што е сега, вели Симовски и додава дека ние имаме проблем со недостиг на млада популација, вели директорот на Државниот Завод за статистика Апостол Симовски, во гостување на Слободна ТВ. 

Од вкупно резидентно население на возраст од над 15 години, 1 461 295 се писмени – од кои 721 734 се мажи и 739 561 се жени.

Неписмени се 18 897 од кои 5 517 се мажи и 13 380 се жени. 

Промовирани огласи »

Чудни рекорди бележи Македонија: Цените на становите уриваат рекорди, во државата има рекорден број на празни над 307 илјади станови, а постигнат е и рекорден број на издадени дозволи за градба.

Како што објави Дојче веле, нови згради продолжуваат да се градат, а побарувачката за нови станови во Скопје, како и во Охрид и Струга не стивнува. Квадратот покрај охридското крајбрежје достигна и над 2.500 евра.

Над 307.187 или 36,6 отсто од становите зјаат празни, додека 531.987 или 63,4 отсто се населени, покажуваат податоците од последниот Попис во 2021 година на Државниот завод за статистика.

Некои од становите се испразнети поради иселување, а други, пак, се купуваат како инвестиција. Најголем број станови за „резерва“ се купувале во главниот град – 59.300, а најатрактивни се скопските општини Центар и Карпош, каде има над 20 илјади станови без станари.

Охрид е втор град на листата со станови во кои не живее никој. Според статистиката, во овој туристички град има 17.820 празни станови, додека во Струга 10.153. Во Битола, пак, евидентирани се дури 16.063 станови без домаќини.

И покрај кризата, поскапувањето на материјалите за градба што повлече и енормен раст на продажната цена на становите, минатата година имало рекорден број на издадени дозволи за градење.

Промовирани огласи »

Шефот на Tesla, Илон Маск, им нареди на вработените да се вратат во канцеларија со полно работно време, изјавувајќи дека работата на далечина повеќе не е прифатлива.


Новата политика беше споделена на социјалните мрежи во форма на е-пошта. Тесла не одговори на ниедно барање од коментарите, од кои еден се чини дека беше упатен директно до директорите. Луѓето кои не се подготвени да се придржуваат до новите правила можат „да се преправаат дека работат на друго место“, рече Маск на Твитер, запрашан за политиката.

Од сите во Tesla се бара да поминуваат минимум 40 часа неделно во канцеларија, напиша тој во една од мејловите. „Ако не се појавиш, ќе претпоставиме дека си поднел оставка“.

Дали и други големи бизниси ќе ја применат тактиката на Маск ни преостанува да следиме во наредниот период.
 

Промовирани огласи »

Ако патувате во Турција, од денеска има нови правила за влез во земјата. 

Весникот Хуријет објави дека негативен ПЦР или брз тест за коронавирусот на сите гранични премини веќе не е потребен за влез.  Министерството за внатрешни работи на Турција испрати циркуларно писмо до гувернерите на 81 провинција во таа земја во кое ги информира за укинување на обврската да имаат негативни ПЦР резултати или брз тест за коронавирус за влез во земјата преку сите гранични премини,  воздушен, копнен, железнички и поморски.  Турција го укина и задолжителното носење маски на 30 мај. Маска мора да носат луѓето кои влегуваат во медицинските установи. Повеќе земји ги олеснија ковид мерките  поради намалениот број на инфицирани, но и поради туристичката сезона. 

foto freepik.com

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »