Промовирани огласи »

Прекрасно е чувството кога партнерството се развива со многу љубов, посветеност и ќе добие форма која се преточи во започнување на традиција на кумство. 

Првиот кум на згрижувачко семејство во СОС Детско село е Нептун Македонија.

Настанот се одбележа во СОС Детско село каде што сите деца и згрижувачи ги пречекаа своите кумови со голема радост при што кумовите беа претставени од 20 вработени во компанијата Нептун Македонија заедно со нивниот бренд амбасадор Сашко Коцев.

Згрижувачкото семејство кое го има кумот Нептун Македонија го сочинуваат 5 деца до 14 години со згрижувачка Наташа, семејство кое со многу љубов се подготвуваше да го пречека својот кум и подготвија прекрасни цртежи кои ги подарија на вработените во Нептун Македонија. 

  

Подарокот од кумот е изразен во финансика донација за поддршка на згрижувачкото семејство за сите потреби кои ги имаат во една година. Финансиската ДОНАЦИЈА од кумот Нептун Македонија се акумулира преку кампањата: “НЕВЕРОЈАТЕН ПОПУСТ НА ГРИЖА, ЉУБОВ И ВНИМАНИЕ” која се спроведе во периодот од 10 до 31 мај во сите продажни објекти на Нептун Македонија. Се заблагодаруваме и на сите потрошувачи и клиенти на Нептун кои придонесуваат значително во СОС Детско село секогаш кога ќе ги посетат салоните на Нептун Македонија.

Промовирани огласи »

Податоците на Светскиот совет за злато покажуваат дека Србија има најголеми резерви на злато меѓу земјите од регионот. Второто место на Балканот го зазема Македонија.

Според овие податоци, Србија со 38,1 тони златни прачки е водечка земја во регионот по количината на овој благороден метал депониран во трезорите на Народната банка на Србија.

На второ место на Балканот е Македонија со 6,9 тони златни резерви, Словенија со 3,2 тони, Босна и Херцеговина со три тони злато и Црна Гора со 1,09 тони, додека Хрватска нема резерви во злато, бидејќи ги има продадено во 2001 година, пренесува „Еуроњуз Србија“.
Кои земји имаат најмногу злато?

Светскиот совет за злато објави истражување на централните банки, чии резултати покажуваат дека финансиските институции продолжуваат позитивно да го гледаат златото како резервна актива. Тие укажуваат дека уделот на испитаниците од централната банка кои имаат намера да ги зголемат своите златни резерви се зголемува секоја година. Втора година ниту една банка нема намера да ја намали количината на своето злато, а од друга страна дури 25 отсто од испитаниците велат дека планираат да ги зголемат резервите во злато, наспроти 21 отсто лани.

Централните банки се пооптимисти за златото како резервна актива во 2022 година, при што 61 процент од испитаниците изјавиле дека очекуваат глобалните златни резерви да се зголемат во следните 12 месеци.

Убедливо најголеми резерви на злато имаат САД, кои официјално моментално имаат 8.133 тони злато. Во златни прачки најмногу инвестираат Германија, Франција, Италија и Русија.

Кина, Индија и Холандија се исто така на врвот на рангирањето на земји според резервите.

Според економските експерти и банкарските аналитичари, златото е најдобрата и најбезбедната инвестиција, особено во турбулентни времиња во целиот свет поради руско-украинскиот конфликт.

Промовирани огласи »

Дали цените на горивата ќе ги поскапат и цените на такси услугите во Скопје, ќе одлучат советниците на Град Скопје.

Веста за поскапувањето донекаде беше очекувана, но сепак граѓаните реагираат со негодување.

Не е само до цената, туку и до услугата е, коментираат тие алудирајќи на дивите таксисти чиј број и не е така мал во Скопје.

Од Автобуска станица до Универзална таксистот ми побара 850 денари, а чини 200 денари. Од Автобуска до градска болница ти бара 500 денари, вели револтирана граѓанка која своето искуство го сподели на социјалните мрежи.

Вели дека веројатно „налетала“ на некој од дивите таксисити кои како што вели таа, како хиени чекаат пред Автобуската станица во Скопје.

Друг граѓанин исто така се жали на оваа ситуација со со дивите таксисти.

Не само цени, контролира ли некој во каква состојба се такси возилата, стари возила и валкани, некултурни таксисти, исти називи на такси компаниите со што ги доведуваат во заблуда патниците, преполно е диви таксисти пред болниците и меѓуградските автобуски станици и железничката станица, не секој се вози со такси од бес туку затоа што мора, вели таа.

Таксито во Скопје е поскапо од „Виз Аир“ билетитие, гласи еден од коментарите на социјалните мрежи, алудирајќи дека во неопходни ситуации потребен е такси превоз, но по пристојна цена.

Таксистите пак, од своја страна се жалат на високата цена на бензинот. Но, не е само тој трошок во овој сектор, велат тие додавајќи дека нивната работа е таква што денот го минуваат и на +40 степени чеќајки патници.

Промовирани огласи »

Од ноќеска на полноќ малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се намали за 0,50 денари и ќе изнесува 107,50 денари за литар. Поевтинува и дизелот за еден денар па литар ќе чини 100 денари, додека цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 не се менува, односно останува 105,50 денари за литар.

Според Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), се намалува и малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство за 1,50 денари и ќе изнесува 98 денари за литар, а поевтинува и мазутот за 0,661 денар кој ќе чини 50,903 денари за килограм.

РКЕ донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,85 отсто во однос на одлуката од 7.07.2022 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,601 процент, кај дизелот за 2,615, кај екстра лесното масло за 2,965 и кај мазутот за 2,754 отсто, се наведува во соопштението.  

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »