Скопското Јавно сообраќајно претпријатие е најпребаруваниот термин на интернет кога се патувањата во прашање, покажуваат податоците на Пикаса Аналитикс.
Од вкупно речиси 608.000 пребарувања на тема патување, во изминатите 30 дена, граѓаните во Македонија, дури 251.000 го пребарувале ЈСП.
На второ место е светскиот туристички сервис „Букинг“, а на трето е авионската компанија „Визер“.
Меѓу останатите најчесто пребарувани термини се најдоа и „tav skopje“, „skopje“, „macedonia“, „flightradar24“, кој најверојатно се пребарувани од страна на туристите кои престојуваат во Македонија.
Во текот на изминатите 30 денови, во Македонија над 8.000 пати во текот на денот се пребарувал ЈСП, вклучувајки го возниот ред, градските линии, начинот на плаќање на билетот и слични варијации. Од друга страна, сервисот „Букинг“ се пребарувал 3.000 пати дневно, а „Визер“ 2.600 пати дневно, што е скоро три пати помалку од ЈСП.
Интересно е да се забележи дека луѓето кои најчесто пребарувале на темата патувања, користеле латинична поддршка. Па така за „Јавно сообраќајно претпријатие – Скопје“, пребарувале со кратенката „jsp“ на латиница.
Податоците се добиени преку новиот интерактивен продукт на Пикаса Аналитикс кој во реално време ќе им помогне на клиентите да дознаат што луѓето пребаруваат на интернет. Продуктот е аналитички и се состои од многу детализирани прикази на волумен на пребарување, трендови, потенцијални клучни зборови, споредби, категории, класи, личности, институции, брендови итн.
Методологија:
„Пикаса“ ја користи својата онлајн-платформа Analytics.live за да следи во реално време повеќе од 1.300 медиуми и илјадници канали на социјалните медиуми во 6 земји од Западен Балкан (Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Косово, Албанија и Република Северна Македонија). Платформата за аналитика ги прикажува медиумските написи заедно со нивната соодветна пенетрација на платформите на социјалните медиуми (Facebook, Instagram, Twitter, YouTube) броејќи ги сите видови активности и реакции (лајкови, споделувања и коментари).
„Пикаса“ има над 10 години искуство во науката за податоци, развој на алгоритми, вештачка интелигенција и машинско учење. Таа им нуди на компаниите, организациите и институциите пристап до единствени податоци од над 1.300 медиуми и илјадници канали за социјални медиуми. Во комбинација со искусен тим од доктори на науки за податоци, дата-аналитичари и високи медиумски експерти, развивме неколку производи за следење на медиумите во реално време и технолошки капацитет за создавање приспособени решенија. Успеавме да одговориме на некои од најпредизвикувачките прашања во врска со употребата на дигитални и социјални медиуми за ширење пропаганда, сентимент, идентификување канали и спроведување истражувачки работи.
Во последните 2 години, преку мониторинг и консултации, им помогнавме на повеќе од 30 медиумски канали и над 50 компании да ги зголемат и максимираат своите резултати, користејќи техники за пристап до поширока публика.
Контакт: Ема Муратова, regional manager во „Пикаса аналитикс“
mail: [email protected] mob: 071 233 673
Адреса: Булевар Крсте Мисирков 7 ЛАМ.Ц2/14 , ТЦ Мавровка 1000 Скопје
Тел: +389 2 3212-812