Промовирани огласи »

Директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска, информираше дека новата верзија на апликацијата „МојДДВ” е достапна за корисниците на „Хуваеи” и „Ајфон”, а се чека одобрување уште од „Плеј стор”, напоменувајќи дека апликацијата има нови правила и политика на приватност.

По три години неопходни се промени во апликацијата „МојДДВ”, бидејќи имаме огромен број корисници. Ажурирањето е завршено за корисниците на „Хуваеи” и „Ајфон” и тие може да ја преземат новата верзија, додека од „Плеј стор” уште немаме повратна информација кога новата верзија ќе биде ставена во оптек, рече Лукаревска во „Жешко политичко лето” на Канал 5.

Апликацијата, како што додаде, има нови правила, политика на приватност, како и огромен број корисници поради што се одолговлекува процесот за проверки.

Овие правила не зависат од нас како институција, туку од тимот што го уредува системот. Очекуваме во најскоро време тоа да биде надминато, појасни Лукаревска.

Во меѓувреме, посочи таа, како алтернатива корисниците може да ги користат баркод читачите и скенерите во сите подрачни единици на УЈП.

Според директорката на УЈП, оваа апликација помага во делот на сузбивање на сивата економија со тоа што граѓаните бараат повеќе фискални сметки на местата каде што пазарат, но истакна дека треба да се вложат повеќе други делови од општеството и сите инспекциски служби за да се избориме со сивата економија.

Од 2023 година, како што потенцираше Лукаревска, ќе се зголеми износот на лимитот од повратот од ДДВ.

Баш одиме во чекор со соодветни економски текови. Мерката само ќе се унапредува, потенцира Лукаревска.

Во однос на ребалансот на буџетот и новите мерки, Лукаревска, која е и потпретседателка на СДСМ, напомена дека се одвојуваат многу повеќе средства за таргетираните категории на граѓани и дека истите ќе бидат навремено имплементирани.

Со ребалансот имаме нова обврска, имаме нов износ на средства кои треба да ги прибереме. Повеќе од 20 милијарди. Повеќе средства ќе има за социјална помош, земјоделство, придонеси за плати, зголемени пензии но и повеќе средства за енергетска ефикасност. Мерките ќе бидат навремени бидејќи во моментот се следат сите капацитети. Ова не е спринт туку маратон, сите знаеме дека не чека долга есен и тешка зима, појасни Лукаревска.

Промовирани огласи »

Комисијата за заразни болести денеска ќе одржи состанок на којшто ќе биде разгледана актуелната епидемиолошка состојба со коронавирусот.

Согласно вчерашните податоци од Институтот за јавно здравје, направени се 1 890 тестови, а регистрирани се нови 844 случаи со КОВИД-19, од кои 188 се реинфекции. Пријавени се три починати лица од Скопје, во период од 5 до 30 јули, а оздравени се 815 пациенти.

Најголем број на активни случаи во моментов има во главниот град – 1 749, додека Пехчево и Дојран имаат по еден активен случај.

Некои од земјите во регионот веќе почнаа да воведуваат мерки за заштита од Ковид-19. Во Црна Гора, поради влошување на епидемиолошката состојба, воведено е задолжително носење заштитни маски, а здравствените власти апелираат до граѓаните да се вакцинираат против Ковид-19. 

Промовирани огласи »

Комисијата за заразни болести утре на пладне на онлајн состанок ќе дискутира за моменталната епиде миолошка состојба. Дали бројките на новодијагностицирани се загрижувачки и ќе има ли враќање на дел од превентивните мерки ќе одлучат членовите на советодавното тело на министерот за здравство.

Статистиката покажува дека земјата се уште е во жолта фаза, но расте бројот на амбулантски прегледи на инфективните одделенија. Со полн капацитет работи и одделот на Клиниката за гинекологија каде само за еден месец имале 40 породувања на заразени жени.

Апелот останува ист. Бремените жени се посебна категорија и тие за разлика од останатите треба многу повеќе да се заштитуваат. Значи секој ден во амбулантите ги советуваме да внимаваа, да избегнуваат масовни собири, знаеме дека сега кај нас во земјата се актуелни семејни прослави и доколку присуствуваат на места каде има повеќе луѓе и помалку се проветруваат, да носат заштитна маска, вели др. Весна Чибишева гинеколог-акушер од Клиника за Гинекологија и акушерство.

На одделот на гинекологија во моментот има 8 позитивни трудници и родилки и велат бројките постојано варираат. Најмногу хоспитализирани има на Инфективна клиника и во детската болница во Козле каде покрај заразените деца со позитивен тест се и десетина мајки.

Во внатрешноста според бројот на активни случаи на врвот е Битола а потоа следуваат Куманово, Кавадарци и Прилеп.

Промовирани огласи »

Дел од производителите на леб во земјава ја зголемија цената, а штипските пекарници се уште лебот го продаваат по старата цена.

Николче Малинов сопственик на пекарница вели дека и тие ќе ја зголемат цената, но, кон средината на овој месец.

Се очекува цената на лебот да се покачи за два денари, а корекцијата ќе ја направат по 15 август. Посочи дека ова се должи на зголемување на цената на струјата, како и на повисоката откупна цена на житните кутури.

Во моментов на рафтовите во пекарниците и супер маркетите најниската цена на лебот во зависност од грамажата е околу 30 денари.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »