Регулаторната комисија за енергетика донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,80 отсто.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 3,569 отсто, кај дизелот за 2,117 отсто, кај екстра лесното масло за 2,960 отсто и кај мазутот намалување за 1,402 проценти.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ина Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 3,50 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 3,00 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 2,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,557 ден/кг и сега ќе изнесува 52,786 ден/кг.
Од9.8.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 90,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 92,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 90,00(денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 87,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 52,786(денари/килограм)
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизокза 0,117%.
Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на9.8.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.