Промовирани огласи »

Град Скопје утре на градската веб страница ќе објави два Јавни повици за Cубвенционирање на граѓаните на подрачјето на градот Скопје за купување велосипеди во 2022 година, како  и за субвенционирање на граѓаните на подрачјето  на градот Скопје за купување електрични тротинети во 2022 година, на кои граѓаните ќе можат да аплицираат.

Целта на јавните повици е подобрување на квалитетот на животната средина, односно подобрување на квалитетот на воздухот во градот Скопје и унапредување на здравјето на луѓето, преку стимулирање на граѓаните на градот Скопје за користење велосипеди и електрични тротинети, со што би се намалило загадувањето предизвикано од сообраќајот, велат од Град Скопје. 

Средствата што Градот Скопје ќе ги субвенционира за велосипеди се во износ од 50% од вредноста на еден велосипед, но не повеќе од 4.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.

За електричните тротинети, средствата што Градот Скопје ќе ги субвенционира се во износ од 30% од вредноста на еден тротинет, но не повеќе од 8.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.

Подетални информации за правото на учество на јавните повици, условите коишто треба да ги исполни барателот, начинот на пријавување, начинот на спроведување на повиците, како и начинот на остварување на правото на надоместок граѓаните ќе можат да добијат на веб страната на Град Скопје www.skopje.gov.mk. 

Покрај информациите, граѓаните од утре ќе можат на интернет страницата на Градот Скопје да го симнат образецот за Барање за субвенција за купување, како и образецот Изјава, која треба да се завери на нотар. 

Јавните повици  ќе бидат објавени издвоено на веб страницата на Град Скопје, а соодветната документација ќе можат да ја поднесат до архивата на Град Скопје.

Јавниот повик ќе трае заклучно со 01.11.2022 година или до исцрпување на предвидените финансиски средства од Буџетот на Град Скопје за оваа намена, во зависност од тоа кој услов ќе настапи прв.

Оваа 2022 година Градот Скопје обезбедени повеќе средства за субвенции и тоа само за овие јавни повици предвидени се 12 милиони денари за субвенции за велосипеди и 3 милиони денари за електрични тротинети.

Промовирани огласи »

Министерот за економија Крешник Бектеши најави дека вечер ќе прогласат кризна состојба во енергетскиот сектор на национално ниво што ќе важи од 1 септември. Согласно законите, како што информира попладнево Бектеши по состанокот со градоначалникот на Општина Арачиново Ридван Ибраими, енергетската кризна состојба може да трае 30 дена.

Министерот Бектеши по состанокот, изјави дека од понеделник екипите на ЕВН Македонија непречено ќе работат на терен во Општина Арачиново и на тој начин ќе почне да се наплаќа струјата во оваа Општина, но и на други места.

Тој ќе побара од МВР и другите надлежни институции да постапат во сите општини каде има големи загуби на струја, бидејќи според него, тие се на товар на сите потрошувачи на електрична енергија. Загубите на струја, како што рече, се признаваат како трошок кога се одредува цената за струјата.

Бектеши вели оти е точно дека има загуби на електрична енергија во Општина Арачиново, меѓутоа, како што посочи, загуба има и во Куманово – 16,2 посто, Тетово 10,7 посто, Гостивар – 19,3 посто, Кичево -12,1 проценти, Скопје – 19,6 отсто. Министерот најави дека кај сите овие општини и останатите ќе се постапува согласно закон.

Ги повикувам сите да ги почитуваат законите, одредбите од законите се со цел да не се направи штета во делот на снабдување со електрична енергија, но и во делот на електродистибутивниот систем, рече Бектеши нагласувајќи дека крадење на струја или незаконски приклучок во дистрибутнивната мрежа е кривично дело кое се санкционира согласно закон.

Претставник од ЕВН изјави дека фокусот на денешната дискусија бил ставен на почитување на законски норми од сите вклучени во процесот, за што, како што кажа, добиле поддршка. Во иднина се надеваат дека тоа ќе функционира со цел ЕВН да обезбеди квалитетно снабдување на струја и да има еднаков третман на сите корисници. 

Промовирани огласи »

Успехот на компанијата во голема мера зависи од продуктивноста и мотивираноста на вработените. Мотивацијата е таа што ги поттикнува вработените да се фокусираат на работните задачи и да се инспирираат во постигнување резултати. Доколку тие се мотивирани ќе доаѓаат на своето работно место среќни, подготвени за новите предизвици и максимално ќе се вложат во остварување на нивните задачи.

Една од компаниите која се грижи за мотивацијата и задоволството на вработените е интернационалната компнија за корисничка поддршка со свои канцеларии во Скопје, Мајорел. 

Го споделуваме искуството на Славе Шошолоски кој работи како Специјалист на корисничка поддршка.  

Зошто се приклучи на Мајорел?

Мајорел ми изгледаше како одлична можност за надоградувањето на моето искуство и место каде можам да напредувам и ја градам мојата кариера. Дополнително имав многу позитивни искуства кои ги слушнав од пријатели и познаници кои веќе работеа во Мајорел. Тоа ги потврди и сите инфомрации кои ги најдов истражувајќи за компанија. Па одлучив да се приклучам и јас.

Какво е твоето досегашно работно искуство?

Моето досегашно искуство како дел од тимот е супер. Имам одлични колеги и претпоставени кои го поддржуваат и поттикнуваат мојот напредок. После само еден месец работа, бев избран за вработен на месецот и оваа награда ме мотивира да работам уште понапорно. Кариерениот раст и развој на вработените се негуваат и наградуваат во Мајорел од секој аспект. Работната култура, тимската работа, одличната комуникација со колегите и менаџметот ме мотивираат за наредок.  Би рекол дека позитивната работна атмосфера која те опкружува и тим кој те охрабрува е се што ти треба да успех.

Што го прави работно искуство во Мајорел уникатно?

Би рекол дека тоа е работната култура. Сите ја негуваме позитивната работна средина и културата на заемна почит, разбирање и поддршка. Иако индустријата во која работиме, понекогаш знае да биде предизвикувачка, сепак никогаш не чувстуваме негативна енергија и притисок во работата. Менаџмент се грижи да ни обезбеди простор и средина каде ќе се чувствуваме среќни и задоволни со работата. 

Која е твојата препорака за заинтересираните кандидати?

Да не размислуваат два пати за да ја испратат својата апликација 😊. Секој кој што ќе дојде во Мајорел ќе се чувствува прифатено и вреднувано уште од првиот ден. Ќе имаат поддршка во процесот на адаптација и воведување во работата, како и во нивниот професионален раст и развој во компанијата.

Мајорел е интернационална компанија со повеќе од 78 000 вработени во 41 земја ширум светот, обезбедува корисничка поддршка за едни од најпознатите светски брендови. Канцеларијата во Скопје обезбедува корисничка поддршка на германски и англиски јазик за клиент од туристичката индустрија.

Мајорел вработува без работно искуство, единствен услов е одлично познавање на германски и англиски јазик. Доколку сакате да станате дел од Мајорел, може да аплицирате на следниов линк: https://majorel-northmacedonia.softgarden.io/job/19658720/Customer-Service-Specialist-%F0%9F%87%A9%F0%9F%87%AA?jobDbPVId=50046371&l=en

Промовирани огласи »

Галениум Фарм аптеките се дел од софистицирана компанија чија примарна визија е здравствена заштита на граѓаните, снабденост со лекови во секое време, висок степен на професионалност и квалитетна услуга, стручност и тимска работа се врвен приоритет на Галениум Фарм.

Од сега сите огласи на Галениум Фарм може да ги најдете на КАРИЕРА.МК

Воедно моментално вработуваат:

ФАРМАЦЕВТ/ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР - СКОПЈЕ
ФАРМАЦЕВТ/ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР - КУМАНОВО

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »