Промовирани огласи »

Fames Lounge and Coffee Bar започна со работа во 2019 година и нуди пријатна и мирна атмосфера, опкружена со зеленило, која се наоѓа во срцето на Автокоманда. 

Во моментов вработуваат:

ХИГИЕНИЧАР/КА

ПЕРСОНАЛ НА РЕСТОРАН

КЕЛНЕР/КА - ШАНКЕР/КА

За да ги видите и аплицирате на огласите кликнете ТУКА

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,92% во однос на одлуката од 2.09.2022 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 3,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,277 ден/кг и сега ќе изнесува 52,463 ден/кг.

Од 6.9.2022 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

  • Моторен бензин   ЕУРОСУПЕР БС – 95      85,50 (денари/литар)
  • Моторен бензин    ЕУРОСУПЕР БС – 98     88,00 (денари/литар)
  • Дизел гориво      ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)   98,00 (денари/литар)
  • Масло за горење   Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)    94,50 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС   52,463 (денари/килограм)

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 3,983%, кај дизелот за 1,812%, кај екстра лесното масло за 4,293%  и кај мазутот намалување за 0,568%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,068%.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 6.9.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, велат од Регулаторна.

Промовирани огласи »

Јавниот сектор да работи два часа помалку, од 9 до 15 часот, кога има најмногу дневна светлина и кога е најтопло во текот на денот, е мерката за заштеда на електична енергија што ја предлага Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС).

Како што соопшти денеска претседателот на КСС, Благоја Ралповски енергијата што ќе се заштеди од јавните институции потоа да им се даде како помош на бизнис секторот и јавно – комунлните претпријатија за да се спречат поголеми ценовни шокови.

Може да се направи рационализација, јавниот сектор може да работи со скратено работно време од  два часа со што ќе се заштедат големи количини електрична енергија. Може да се направат дежурни тимови кои ќе ги сервисираат неопходните дејности во текот на еден ден, истакна Ралповски.  

Промовирани огласи »

Korpa mk е многу повеќе од достава на храна!

Бројни реномирани ресторани и специјализирани продавници од самиот почеток ја препознаа вредноста на проектот, така што клиентите имаат голем избор на најразлични јадења и производи.

Можете да уживате во најпознатите традиционални македонски специјалитети, скара, пица, паста, бургери, интернационална кујна, веганска храна, десерти или да нарачате намирници од месарници, рибарници, пиљари и останати специјализирани продавници. 

Исто така, нема потреба да се грижите за подароците за роденден во последен момент, бидејќи специјализираните продавници за чоколади и десерти, цвеќарници, продавници за вино и пијалоци се дел од нивната понуда.

Едноставниот начин за управување со korpa.mk апликацијата и брзата достава до врата наиде на одлична реакција од првите корисници. Без лимит на минимален износ на нарачка и со достава во радиус од 15 километри, излегувањето по намирници, омилениот пијалок или оброк може да стане минато. И што е најважно, цените по кои можете да ги нарачате производите се исти како во рестораните и специјализираните продавници!

Она што ја издвојува korpa.mk од другите услуги е тоа што корисниците во реално време се во тек со статусот на нарачката - од самиот момент на нарачка, па се до пристигнување на посакуваната адреса. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »