Како што постојано кажуваме, споделувањето на знаење е дел од нашата ДНК и уникатен двигател на успехот на нашата компанија. Црпиме од стручноста на нашите професионалци во Scalefocus и предизвиците со кои се соочуваат нашите меѓународни клиенти. Листата на клиенти е долга и има повеќе од 300 на број – почнувајќи од компании кои се на листата на 500 најуспешни компании на Fortune500, до иновативни стартапи и лидери во повеќе области од ИТ индустријата. Цврсто веруваме дека треба активно да го шириме знаењето и иновативните практики со ИТ заедницата бидејќи тоа помага во градењето на подобар ИТ еко-систем.
Секогаш си го поставуваме прашањето, дали покрај работењето со основни и средни училишта, универзитети, програми за практикантство, и создавајќи повеќе кохорти на нашата Scalefocus Академија може да направиме уште нешто за да го подобриме ИТ еко-системот? Одговорот е да. Затоа, организираме технички предавања и настани на најактуелните теми и разговараме за најновите трендови, технологии, алатки и програмски јазици. Целта ни е да поврземе стручњаци на теми од различни технолошки полиња во компанијата кои го споделуваат нивното практично искуство, иновативни идеи и лекции научени од проектите на кои работеле.
Возбудени сме да го претставиме почетокот на нова содржајна сезона, темите на кои ќе зборуваме, како и нашите колеги кои ќе земат учество.
Java Beer Skopje („Јава пиво Скопје“)
Првиот од мноштвото собири на кои ќе учествуваме ќе се одржи во Скопје на 13 септември 2022 година. Темата е „Како да помогнеме на тимовите да се справат со честите проблеми при работа со застарени софтверски решенија“ (анг. "Empowering teams to deal with common problems in legacy systems") на Владимир Цонев, Главен софтверски инженер во Scalefocus.
Владо, кажи ни нешто за тебе.
Се викам Владимир Цонев, во моментов работам како Главен софтверски инженер во „Скејлфокус“, каде што сум одговорен за споделување знаењe и техничко усовршување на нашиот Јава тим. Со софтверско инженерство се занимавам скоро 10 години. Сум работел на системи во различни домени, како осигурување, угостителство и здравство. Иако се обидувам да сум агностик од аспект на јазик / технологија, сè уште го сметам Јава како мој универзален инструмент.
Би можел ли да ни откриеш нешто повеќе за презентацијата?
Очекувајте насоки кои ќе помогнат во справување со застарени програмски кодови на кои вие треба да работите. Ќе споделам некои совети и трикови за како може да се подобрат застарените програмски кодови, без страв дека старите функционалности ќе престанат да работат.
Зошто е важно Јава заедницата да споделува идеи и искуства преку вакви настани?
Кога работите со застарени програмски кодови, нема некои листи со сценарија или насоки за справување со нив, па секој инженер во некој момент од својата кариера ќе се соочи со голем предизвик - како правилно да работи со ваквите програмски кодови. Да споделуваш значи да се грижиш и ако сакаме да изградиме силна Јава заедница, јас сметам дека ова е единствениот начин да се движиме напред, споделувајќи го нашето искуство и посочувајќи ресурси кои можат да помогнат во надминувањето на пречките.
Регистрирајте се за Java Beer Skopje овде.
BeerJS Skopje („ПивоЈС Скопје“)
Следниот датум кој треба да го запишете е 15 септември. И навистина го препорачуваме тоа бидејќи Иво Богоевски, софтверски инженер во Scalefocus, ќе ви претстави како „Да го извлечете максимумот од микро и монолитни front-end архитектури“.
Иво, како би ја опишал својата експертиза?
Јас сум front-end девелопер со повеќе 6 години работно искуство. Почнав како помлад програмер кој конвертирал PSD темплејти во HTML, но мотивиран од метриките за тоа колку добро работат кодовите и желбата постојано да се работи на нешто подобро, длабоко влегов во JavaScript светот и најдов интересни и моќни библиотеки како Angular и React за да ја градам кариерата на база на нив. Мојата експертиза ми даде шанса да бидам одговорен Front-End тимот на проектот на кој работам сега.
Зошто ја одбра оваа тема?
Денес, апликациите стануваат се поглеми, а како што расте сложеноста на апликацијата се појавуваат и повеќе предизвици за девелоперите кои развиваат такви апликации.
Темата како да се надминат предизвиците кога се градат enterprise апликации е доста актуелна во моментов, така што сакам да го споделам моето искуство за како да се организира работата во проект за монолитна архитектура и да се извади максимумот од тоа и исто така да говорам за современи решенија како Micro-Frontend, и за запознавање со нивните предностите и слабостите а со цел да се избере оптималната алатка за дадената задача.
Регистрирајте се за BeerJS овде.
Последно (за сега), но не и најмалку важно, очекуваме да ве видиме и на 29 септември на првото издание на QA Talks кога нашиот Киро Костуранов, Инженер за квалитет на софтвер во Scalefocus, ќе биде меѓу говорниците на една тема која е многу актуелна деновиве во светот на инженерите за квалитет на софтвер, „Choosing the right automation tool”. Модератор на настанот ќе биде Филип Гуџевски, еден од нашите Технички тим лидери. Покрај тоа, ќе имате и шанса да ги видите и чуете ставовите од други говорници кои се докажани стручњаци во ова поле. Во продолжени ќе дознаете кои се тие и што ќе споделат со вас.
Киро, нешто во кратки црти за тебе.
Инженер за квалитет на софтвер. Работам во Scalefocus – Македонија две години. Ја почнав кариерата во IT секторот како Инженер за поддршка. Потоа, мотивиран од желбата да истражувам и да прашувам, завршив во оделот за квалитет на софтвер. Во слободно време, јас сум зависник од гледање видеа на YouTube. Половина од каналите на кои сум претплатен се поврзани со коли и автомобилската индустрија, додека другите се поврзани со технологија. За да го балансирам долгото време седење пред компјутер, мојата омилената спортска активност е долгото возење со мојот велосипед.
Зошто е темата важна?
Мислам дека најдобриот начин добро да се заврши работата е со учење од искуствата на другите.
Во светот на автоматизација на тестови, имаме многу алатки и рамки со кои може да се постигнат посакуваните цели, но решавањето која технологија треба да се искористи во проектот, некогаш одзема повеќе време и е потешко од имплементацијата. Целта на настанот, е да се направи споредба на три алатки за автоматизација на тестови: Cypress против TestCafe против Selenium. Јас ќе говорам за силните и слабите страни на алатката Cypress во а другите говорници ќе се фокусираат на другите две алатки. Исто така, ќе го споредам моето работно искуство со Cypress и ќе ги објаснам придобивките од почетната инвестиција за автоматизирање на мануелните тестови.
Зошто треба да дојдеме на настанот?
Се надевам дека тие што ќе присуствуваат ќе си заминат од настанот со јасна идеа за тоа кога и како да имплементираат тест со секоја од трите алатки за тест автоматизација кои ќе ги споредуваме. Оние кои започнуваат во автоматизација на тестови се добредојдени доколку сакаат да ги разберат клучните карактеристики и можности на овие алатки. Технолошките ентузијасти кои работат на развој на софтвер, ќе добијат јасна претстава за вредноста на автоматизирано тестирање на софтвер за софтверските проекти. На крај, важно е да споделиме и дека ќе има можност да се поставуваат прашања од публиката, да се споделат идеи и скептицизам за алатките, а секако и можност да се запознаеме со членовите на оваа заедница во живо.
Кликнете на линкот за повеќе најнови вести и идни настани: Scalefocus Events | Eventbrite.
Се гледаме во Скопје.