Промовирани огласи »

За големата рачна торба се плаќаше од 14 до 35 евра, зависно од дестинацијата и начинот на правење на резервацијата.

Нискобуџетска авиокомпанија Визер соопшти дека ја укинува доплата за рачниот багаж во авионот, односно освен торбата со мали димензии (42x32x25), бесплатно ќе може да се внесе и поголема торба ((55x40x23) во патничката кабина. Оваа новина почнува да важи за сите летови по 29 октомври.

За летовите пред 29 октомври 2017 година цената на билет во еден правец опфаќа даноци, административни и други задолжителни такси и мала кабинска торба (максимум 42x32x25 cm). Големите кабински торби и секој пријавен багаж е подложен на дополнителни такси. За летовите oд 29 октомври 2017 година цените на нашите еднонасочни летови опфаќаат такси, административни и други задолжителни давачки, како и цената на вашиот рачен багаж (55x40x23 cm, максимално 10 kg). Cекој пријавен багаж е подложен на дополнителни такси“, стои во соопштението објавено на официјалната веб-страница на „Визер“, стои во соопштението од компанијата.

Инаку за големата рачна торба се плаќаше од 14 до 35 евра, зависно од дестинацијата и начинот на правење на резервацијата.

Промовирани огласи »

Дали Јан Лукас е најдарежливиот газда на светот, се прашуваат светските медиуми откако ја пренесоа сторијата за Британецот кој сите вработени во неговата фирма ги однел на одмор во Шпанија.

Лукас ги одвел сите свои 42-ца вработени на луксузно тридневно патување во Марбеља Шпанија , во чест на 20-годишнината од постоењето на компанијата „Ред 7“.

Вработените за време на краткиот одмор, се возеле со брод, посетувале луксузни барови и ноќни клубови. 48-годишниот Лукас инаку е од Брајтон во велика Британија , тој за својот тим вели дека тие се „срцето на компанијата“, која успешно работи веќе две децении.

Дарежливиот Лукас истакнал дека прво размислувал на своите вработени да им подели бонус во кеш или да им купи подароци, но потоа заклучил дека сеќавањата од едно вакво патување е нешто што не може да се плати.

Промовирани огласи »

Прашањето за влез на Македонија во составот на НАТО би можело да биде решено во наредните три до четири месеци, изјавил неименуван европски дипломат, објави РИА Новости.

Преговорите драстично се убрзаа. Планираме да ги завршиме за три до четири месеци, што значи на есен- изјавил европскиот дипломат за руската агенција.

Според него,  преговорите се убрзани на иницијатива на САД, пренесува „Спутник“. Медиумите претходно пишуваа дека Северноатланстаката алијанса планира до пролетта 2018 година во својот состав да ја внесе и Македонија, а за да се постигне тоа, официјално Скопје би требало да го промени името на државата.

И претходно овој дипломат изјавувал дека Македонија може да стане членка на НАТО до пролетта 2018 година.

Промовирани огласи »

Во текот на 2015 година Матија Визјак(26) од Вараждин заминал од Хрватска во Штутгарт, со што си ја исполнил желбата да живее во странство. 

Вели дека изборот паднал на Германија, иако се двоумел меѓу Германија и Австрија заради сигурноста и висината на платите. 

Повеќе од две години работи во својата струка, во градежништво. 

„Градот е навистина прекрасен и има милион можности. Според мене единствена мана ми се метежот и гужвата со сообраќајот. Што се однесува на големината на градот, тоа и не е важно затоа што сите работи се на едно место. Понудата за работа е голема, а предност има секој кој доаѓа и знае германски јазик“ - вели Визјак. 

Додава дека становите се скапи, но се снашол затоа што неговиот работодавец има станови и сместувањето за него не било проблем. 

Иако има огласи на интернет, вели дека станови најлесно се наоѓаат преку познанства. 

Работи за германски газда, и вели дека кај нив се почитува работата, договорот и работникот се цени и плаќа. 

На луѓето кои сакаат да заминат им советува да не доаѓаат во Германија на „слепо“ затоа што тоа е ризик. 

Хрватот вели дека останува таму каде што е, нема да менува ниту фирма, ниту град, ниту држава. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »