Промовирани огласи »

Во текот на изминатите неколку години, работниците се откажуваат од работните места во рекорден број. Некои ја менуваат кариерата, некои бараат работа за побрзо напредување, а некои целосно ја напуштаат. Во САД, на пример, податоците од август 2022 година од Бирото за статистика на трудот ја ставаат стапката на учество во работната сила на 1,0 процентен поен под нивото од февруари 2020 година.

Со други зборови, луѓето даваат отказ и во некои сектори воопшто не се враќаат. Можеби не е изненадувачки, со оглед на лошите услови на многу работни места во текот на пандемијата. Недостигот од работници е најочигледен во угостителството и услужната индустрија, каде позициите за персонал за миење садови, возачи на камиони, работници на мало, келнери, аеродромски работници, домашни здравствени помошници и слични работни позиции се отворени буквално со години.

Тоа не е затоа што луѓето не сакаат да работат, велат експертите. Тие само сакаат подобри работни места, повисоки плати, подобрени услови. Пресвртот на пазарот на трудот предизвикан од пандемијата им овозможи на некои работници да најдат подобро работно место, иако тешко погодените сектори сакаат нивните работници да се вратат, тие треба да најдат начини да ги направат своите работни места попривлечни.

Промовирани огласи »

Мајорел, интернационална компанија за Бизнис Процес Аутсорсинг скоро една година е на македонскиот пазар и нуди работни можности од областа на корисничката поддршка.

За сите оние кои имаат познавање од најкористените светски јазици и се заинтересирани за работа, Мајорел на 23.09.22 (петок) од 15:30 – 17:30  организира Open Day настан во нивните канцеларии во Скопје.

На настанот ќе бидат претставени работни можности кои ги нуди Мајорел за кандидатите со јазични вештини. Присутните ќе имаат можност да се запознаат со вработените и да ги слушнат нивите искуства како дел од Мајорел. Ќе може да поразговараат со HR тимот и да ги добијат одговорите на сите прашања поврзани со регрутација, селекција и вработување во Мајорел.

Агенда:
15:30 -16:00 - добредојде
16:00 - 16:30 - презентација за Мајорел
16:30 - 17:00 - споделување искуство на вработени
17:00 - 17:30 - Q&A

Добредојдени се сите заинтересирани кандидати кои сакаат го запознаат Мајорел одблиску.

За Мајорел:

Мајорел е интернационална компанија со повеќе од 78 000 вработени во 41 земја ширум светот, обезбедува корисничка поддршка за едни од најпознатите светски брендови. Канцеларијата во Скопје обезбедува корисничка поддршка на германски и англиски јазик за клиент од туристичката индустрија.

Мајорел вработува без работно искуство, единствен услов е одлично познавање на некои од светски користените странски јазици.

Промовирани огласи »

Apple пред неколку дена ја претстави серијата iPhone 14. Серијата iPhone 14 вклучува четири модели – iPhone 14, iPhone 14 Plus, iPhone 14 Pro и iPhone 14 Pro Max. Сите модели, освен iPhone 14 Plus, веќе се пуштени во продажба. Сепак, раните усвојувачи на iPhone 14 Pro и iPhone 14 Pro Max наидоа на проблем.

Имено, според извештаите на некои корисници, проблемот е поврзан со камерата на iPhone.

Конкретно, камерата е матна и поради тоа корисникот не може да ја креира фотографијата што ја сака. Неколку корисници веќе објавија видеа за тоа како всушност изгледа на TikTok. Овој проблем во моментов се јавува кај верзиите Pro – iPhone 14 Pro и iPhone 14 Pro Max.

Проблемот е поврзан со употребата на камерата на апликации од трети страни. Некои корисници покажаа како изгледа користењето на камерите на Snapchat и TikTok.

Во нивните видео клипови, овие корисници им препорачуваат на другите да не го ажурираат нивниот модел на iPhone 14. Се разбира, не за сега. Се очекува Apple наскоро да го реши овој проблем со нова надградба.

Токму iPhone 14 Pro и iPhone 14 Pro Max забележаа голем број на нарачки однапред, барем судејќи според извештајот на аналитичарот Минг-Чи Куо. Тој изјави дека најмногу нарачки се забележани за најсилниот и најскапиот модел – iPhone 14 Pro Max. Куо истакнува дека овој телефон забележал поголем број на преднарачки од iPhone 13 Pro Max минатата година.

Се вели дека iPhone 14 Pro добил „неутрална“ оцена, што значи дека нема големи или помали отстапувања од првичната продажба на телефонот iPhone 13 Pro.

Промовирани огласи »

Германските банки предвидуваат мрачен развој за германските домаќинства во наредните месеци, со оглед на скокот на цените на енергијата и храната.

Според нивната пресметка, 3.600 евра нето месечно веќе не се доволни за едно домаќинство, но медиумите кои известуваат не наведуваат колку членови има во тоа домаќинство, пренесува магазинот „Феникс“.

Според пресметките на банкарската групација, 60 отсто од домаќинствата веќе го трошат целиот свој месечен приход и дел од заштедите само за покривање на животните трошоци. Ова го соопшти во вторникот на прес-конференција претседателот на Здружението на германските штедилници и Џиро банки, Хелмут Шлевис.

Сегашната проценка на состојбата на повеќе од 300.000 правни лица покажа дека на домаќинствата кои нето заработуваат помалку од 3.600 евра месечно, со оглед на моменталната состојба, на крајот на месецот не им остануваат пари.

Шлевис итно ја советуваше федералната влада да ги земе предвид тие групи на приходи во пакетите за помош што доаѓаат наскоро. Впрочем, воздржаното однесување на потрошувачите ќе има негативно влијание врз продажбата на мало и општата економија во оваа земја.

Според Шлевис, не само приватните домаќинства, туку и бизнисите можат да ги достигнат своите егзистенцијални граници поради инфлацијата и високите цени на енергијата. Банките затоа апелираат да се ограничат цените на енергијата. Домаќинствата и бизнисите, исто така, би морале да го направат својот дел и да заштедат најмалку 20 проценти од енергијата и да се потпираат се повеќе на обновливите извори на енергија.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »