Промовирани огласи »

Владата на денешната седница одобри 18 милиони евра како средства за ликвидно работење на друштвата и континуирано снабдување со топлинската енергија на потрошувачите на Град Скопје.


Беше донесена Одлука за одобрување 1,1 милијарда денари за набавка на енергенси, пред почетокот на грејната сезона, на АД за производство на електрична енергија „Електрани на Северна Македонија, во државна сопственост, Скопје, согласно Одлуката за постоење на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија“, објави Владата.


Владата дополнува дека со оваа мерка се обезбедува непречено снабдување со топлинска енергија на градот Скопје и сигурност и стабилност при испораката на топлинска енергија до потрошувачите за време на годинешната грејна сезона.

Промовирани огласи »

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска соопшти дека леб, брашно, млеко и зејтин ќе има.

Леб, брашно, млеко и зејтин ќе има. Обезбедуваме доволно храна за сите граѓани, истакна Николовски на прес-конференција откако претходно информира дека за млекопроизводителите се обезбедени уште 140 милиони денари поддршка, покрај основните и дополнителните субвенции.

Николовски информира и дека на денешната седница која е во тек, Владата ја усвои новата Програма за поттикнување на потрошувачката на свежо овошје во 2022 година.

Промовирани огласи »

За прв пат од 2015 година, основачот на Фејсбук Марк Цукерберг не е еден од 10-те најбогати луѓе во Америка.

 Цукерберг изгуби повеќе од половина од своето богатство - неверојатни 76,8 милијарди долари - од септември 2021 година, што го симна од третото место на листата на #Forbes400 во САД! 

За Цукерберг ова е најниското место на кое што се наоѓаше на листата за најбогати луѓе во светот од 2014 година, а повеќе не е ниту во топ 10 на листата на #Forbes400.

Најбогатите 11 луѓе во светот се во вредност од 57,7 милијарди долари на овогодинешната листа, на која се користени цените на акциите од 2 септември, Цук ги следи наследникот на Волмарт Џим Волтон, поранешниот градоначалник на Њујорк, Мајкл Блумберг, како што се поранешниот извршен директор на Мајкрософт, Стив Балмер и основачите на Google Сергеј Брин и Лери Пејџ.  Никој во Америка не изгубил толку пари во текот на изминатата година како Цукерберг.

Со ребрендирањето на Фејсбук во Мета акциите паднале за 57% од минатата година со што довело до излегување од топ 10 најбогати луѓе во светот.

Промовирани огласи »

Граѓаните да бидат спокојни, топлинска енергија ќе има, рече денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.Тој информира дека е обезбеден и гас.

ЕСМ и „Адора” влегуваат во преговори кои мора да се согласно сите законски прописи и процедури. Се што е возможно ќе се направи. Ние велиме дека топлинска енергија за граѓаните секако ќе има и тие треба да бидат спокојни. Да, обезбеден е и гас. Кој е изворот е најмалку важно, важно е да има гас – рече Битиќи.

Според него, Одлуката на РКЕ, која е независно тело, може да се побара, а членот три е јасен и дециден.

Дојдено е време да читаат и да толкуваат тие што тоа го знаат. Граѓаните само треба малку повеќе да веруваат. Како што во јануари обезбедивме топлинска енергија кога бевме оставени на цедило, така и сега топлинска енергија за граѓаните на Скопје ќе има. Независно дали е ЕСМ или БЕГ, граѓаните ќе добијат топлинска енергија. Бидејќи од однесувањето на прватниот партнер не сум задоовлен, би сакал тоа ЕСМ да го направи – истакна вицепремиерот и уште еднаш порача дека од закон никој не може да се огради.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »