Промовирани огласи »

ЈСП и годинава овозможува бесплатен јавен превоз на Бела Ноќ.

Традиционалната, културна манифестација, подразбирала секоја година да има бесплатен јавен превоз за граѓаните, па така и годинава ЈСП информира дека право на бесплатен превоз ќе имаат сите граѓани во период од 18 часот во сабота (1.10.2022 год) до 05 часот во недела (2.10.2022 год).

Од ЈСП потсетуваат дека во функција се и ноќните линии, а возниот ред е достапен на веб страницата на ЈСП Скопје.

Промовирани огласи »

Министерството за финансии на Шпанија разгледува предлози за зголемување на платите за 3,5 отсто на јавните службеници, како и за намалување на работната недела на 35 часа, јавија шпанските медиуми.

Генералниот секретар на работничките комисии Унаи Сордо во интервју за ТВ каналот „24 часа“ не сакаше да шпекулира со бројките, но јасно го кажа ставот на неговиот синдикат дека очекува договор за зголемување на платите.

Според весникот „Ел Паис“, заедно со зголемувањето на платите, Министерството предводено од Марија Хесус Монтеро има намера да понуди можност за намалување на работната недела на јавните службеници на 35 часа.

Од Министерството за финансии не сакаа да ги потврдат бројките што ќе ги понудат бидејќи преговорите се отворени.

Илјадници вработени во јавната администрација излегоа на улиците во Мадрид на 24 септември, барајќи од шпанската Влада „фер“ зголемување на платите и „ефективни“ економски мерки за да се помогне во борбата против растечките цени.

Промовирани огласи »

Отпечаток број 1

Оние кои имаат кружни отпечатоци од прсти соодвествуваат на мирна и балансирана личност. Луѓето со такви отпечатоци се грижливи и нивното срце е отворено за сите. Мразат да прават секојдневни работи затоа што имаат силна имагинација и уживаат во учењето и создавањето на нови нешта. 

Отпечаток број 2

Оние кои имаат криви отпечатоци од прсти соодвествуваат на енергични и самоуверени личности.  Луѓето со овие отпечатоци се премногу твдроглави и по секоја цена мора да ја остварат нивната цел. Овие луѓе сакаат прецизни работи, без промени но сепак може брзо да се прилагодат.

Отпечаток број 3

Оние кои имаат вртливи отпечатоци од прсти имаат тенденција да бидат малку осамени. Сакаат да ги прават работите на свој начин. Некои можеби ги гледаат овие луѓе како ладни или себични, но тие се независни и можат целосно да се грижат сами за себе. Овие луѓе се талентирани, духовити и со остар ум. Може да се каже дека се самокритични затоа што сакаат да се прикажат во најдобро светло. Тие се многу лојални пријатели на кои може целосно да им верувате.

Промовирани огласи »

Американската компанија ,,АРЦ Аутомотив’’ е светски производител кој произведува целосна програма на автомобилски инфлатори за воздушни перничиња (возач, патници, странични завеси). Компанијата има 60 -годишна историја.

Во моментов имаат активни работни огласи за:

ОПЕРАТОР НА МАШИНА
ВИЉУШКАРИСТ
ТЕХНИЧАР ВО ОДРЖУВАЊЕ
ТЕХНИЧАР ВО ЛАБОРАТОРИЈА
ТЕХНИЧАР ЗА КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТ

Видете ги сите огласи од АРЦ ТУКА!

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »