Промовирани огласи »

Брзото вработување изгледа како тешка задача, особено ако се има предвид дека времето за вработување може да потрае. Долгите процеси на вработување може да остават многу баратели на работа помалку оптимисти кога бараат нова кариера. Ако сакате да направите чекор наскоро, може да се запрашате дали има нешто што можете да направите за да го забрзате долгиот процес.

Од надградување на вашата биографија до следење на интервјуто, овие стратегии ќе ви помогнат да ја најдете работата што ја сакате и брзо да се вработите:

  • Бидете конкретни со вашето барање работа;
  • Не се откажувајте премногу брзо;
  • Вработувањето не се базира само добра биографија;
  • Споделете ја вашата приказна и искуства;
  • Размислувајте позитивно;
  • Аплицирајте двапати доколку ви се допаѓа одредена позиција.

Обидот да се забрза процесот на работа и интервју може да доведе до грешки што на крајот ќе ве забави. Сè додека имате изготвен план и останувате фокусирани додека барате работа, ќе бидете подготвени да на најдете за вас посакуваната работа.

Промовирани огласи »

На 16.10.2022 во Public Room со почеток од 11h ќе се оддржи одличен настан посветен на жените во организација на Better Women Better World платформата. Како верни поддржувачи на жените во нашето општество, KARIERA.mk директно се вклучува во поддршка на настанот и информирање на жените за нивните можности за кариерен развој и пребарување на можности за работа во нашето општество. 

Ние, Хероините е женски форум на кој ќе се рефлектираат борбите и предизвиците на жената во различни сегменти од животот. Овој еднодневен форум има за цел да ги руши бариерите, споделувајќи мислења за одредена тематика од страна на професионалци, но и животни приказни, ставајќи акцент на вистинските прашања за кои треба сериозно да се размислува. 

Ќе имаме можност да слушнеме корисни информации и искуства од страна на експерти од засегнатите области, како и инспиративни приказни од жени кои се соочувале и сè уште се соочуваат со разни предизвици, жени кои успеале да победат и продолжиле и после низа порази, но сепак стигнале до остварување на своите цели.

Време е да почнеме да ги споделуваме препреките, предизвиците, подемите и падовите со нашата заедница и да размислиме што можеме заеднички да направиме за НИЕ (жените) да бидеме подобри, а со тоа и нашето општество. 

АГЕНДА за настанот

11:00 - 11:30 Регистрација

11:30 -12:30 Прва Панел Дискусија на тема

Предизвиците на жените кои поминуваат низ процесот на Ин Витро (IVF) фертилизација

Говорници: Д-р Татјана Гуржанова, Доц. Д-р Валентина Сотироска, Зоја Самандова Петрушева

Модератор: Ксенија Николова

Q&A 12:40 -12:45

15 минути пауза

13:00 - 14:00 Втора Панел Дискусија на тема

Предизвиците на жените во бизнисот

Говорници: Ангелка Пеева Лауренчиќ, Александра Бела Белчева Атанасовска, Калина Трајаноска

Панел презентација КАРИЕРА.мк Можности за кариерен развој, вработување, пракси и личен развој
Говорник: Зорица Бужаровска Бошковска, генерален директор КАРИЕРА.мк 

Модератор: Олга Рајчиќ

Q&A 14:00 -14:15

15 минути пауза

14:30 - 15:30 Трета Панел Дискусија на тема

Предизвиците на самохраните мајки

Говорници: Дороти Пачкова, Искра Гашевска, Бранкица Коцева

Модератор: Розалија Секулоска

Q&A 15:30 -15:45

Закуска и вмрежување


Регистрација за настанот можете да направите ТУКА

Промовирани огласи »

Европа се бори со енергетската криза, поскапувањето на бензинот има свои последици, кои се гледаат и во основните училишта.

На социјалната мрежа „ТикТок“ се појави видео снимено од ученик за време на часот. Наместо установата да им обезбеди греење, децата се смрзнале и единственото нешто што им обезбедило училиштето се ќебиња.

Поради енергетските санкции предизвикани од Европската унија против Русија, цената на гасот на пазарот вртоглаво порасна од почетокот на војната во Украина.

Имајќи го тоа на ум, во Европа постои загриженост за тоа како ќе се одвиваат зимските месеци.

ЕУ советуваше да се намали употребата на гас, особено во „шпиц“ часови, во овој контекст, во европските земји кои се обидуваат да преземат различни мерки, секојдневно се применуваат одредени решенија за заштеда на енергија.

Последниот пример за оваа ситуација се случи во Чешка.

Во централноевропската земја температурите паднаа под 10 степени, а Чесите воведоа ќебиња во училиштата како мерка за заштеда на енергија, а видеото од чешки ученици завиткани во ќебиња брзо стана вирално на интернет, пренесе Новости.рс.

Промовирани огласи »

Владата на вчера одржаната 86-та седница, со цел обезбедување топлинска енергија во Скопје, донесе одлука со којашто на ЕСМ Продажба ДООЕЛ Скопје му се наметнува обврската за обезбедување на оваа јавна услуга.

Обврската на ЕСМ ДООЕЛ Скопје се однесува на вршење енергетска дејност: регулирано производство на топлинска енергија за потребите на потрошувачите на дел од подрачјето на градот Скопје и тоа за подрачјата на општините: Аеродром, дел од Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Центар и Чаир, како и за обезбедување топлинска енергија за покривање на загубите во системот, системска резерва и системски услуги за одржување на потребните работни параметри во рамките на системот за топлинска енергија за овие делови од Град Скопје, соопштија од владината прес-служба.

На седницата Владата усвои и измени и дополнувања на Уредбата за критериумите и условите за прогласување кризна состојба во случаи на временски и природни непогоди, хаварии и нарушувања на пазари на електрична енергија, начинот на снабдување со електрична енергија во кризна состојба, мерки што се преземаат во случај на кризна состојба, како и правата и обврските на носителите на лиценци за вршење на електроенергетски дејности.

Во Уредбата, којашто предвидува ограничување на потрошувачката на електрична енергија и обезбедување на дополнителни количини на електрична енергија, вклучително и балансна енергија и резерва за активна моќност, со измените и дополнувањата, направени на барање на Министерството за економија, е предвидена можност и за преземање мерки за спречување злоупотреби и манипулации, при обезбедување на универзална услуга на пазарот на електрична енергија, како и мерки за обезбедување на непречено и сигурно снабдување со електрична енергија, од страна на универзалниот снабдувач, на потрошувачите кои вршат дејност од јавен интерес, како и на други потрошувачи кои не се снабдуваат од универзалниот снабдувач, заради заштита на животниот стандард, истакнаа од владината прес-служба. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »