Промовирани огласи »

Продуктивноста е една од клучните мерки на економскиот успех.

Ново истражување на групата Expert Market дава светлина врз земјите во кои работниците се најпродуктивни.

Рангирањето е направено, кога БДП на глава од жител е поделен на часовите изработени од еден работник и така се добива резултатот - кои нации прават најмногу пари за најмалку време.

Бројките ја покажуваат вредноста што секој работник ја придонесува за неговата земја за еден работен час (во британски фунти) за 2017 година.

Погледнете ги 19-те најпродуктивни економии во светот:

19. Израел - 15,95 фунти

18. Јапонија - 17,21 фунти

17. Велика Британија - 17,37 фунти

16. Нов Зеланд - 18,07 фунти

15. Франција - 19,51 фунти

14. Канада - 19,72 фунти

13. Финска - 19,85 фунти

12. Австрија - 21,06 фунти

11. Германија - 23,30 фунти

10. Шведска - 23,67 фунти

9. Холанидја - 24,04 фунти

8. Ирска - 25,44 фунти

7. Австралија - 25,47 фунти

6. САД - 25,74 фунти

5. Исланд - 27,63 фунти

4. Данска - 28,87 фунти

3. Швајцарија - 37,89 фунти

2. Норвешка - 39,72 фунти

1. Луксембург - 51,80 фунти

Промовирани огласи »

Акциите на европските берзи се во пад поради лошите економски показатели и силното евро кое има две годишен максимум во однос на доларот. 

На азиското тргување на берзата еврото скокна 1,1684 долари, или највисоко од август 2015 година. 

Фунтата скокна на 1,3027 долари. 

Доларот падна на 110,94 јени. 

Успорувањето на активностите во приватниот сектор во еврозоната во јули влијаеше на слабеење на индексот во еврозоната. 

Промовирани огласи »

Неодамнешниот огромен пораст на цените за сместување во хотелите во Македонија, поради Супер Купот 2017 инспирираше неколку млади луѓе да почнат акција за обелување на образот на Скопје.

Во нивниот најнов проект SuperCupSkopje, членовите на WeTalkIT заедницата, ги поврзуваат фудбалските фанови на кои им треба сместување, со луѓе од Македонија кои имаат желба да им понудат бесплатен престој.

Целта на овој проект е да се соберат што повеќе граѓани кои ќе примат по еден или двајца гости восвојот дом, со цел да им овозможат место за преспивање на фановите кои ќе дојдат да го следат натпреварот од Супер Купот 2017.

„За да му овозможите сместување/кревет на некој од фановите, сешто треба да направите е да се логирате на www.supercupskopje.com и да наведете каков тип насместување може да понудите. Гостите заинтересирани за сместувањето се најавени со својот Facebook профил на веб сајтот, и преку испраќање на емаил порака, директно ги контактираат оние кои што објавиле сместување. Вие како домаќини, сами одлучувате кој гостин ќе го примите во својот дом.

Ве повикуваме да се приклучите на иницијативата, за да ја поправиме сликата за Скопје и заедно да овозможиме бесплатно сместување на некој од фудбалските фанови“, соопштуваат оттаму.

Промовирани огласи »

Речиси секој од нас се запрашал барем еднаш за што служат сите оние F копчиња на врвот на тастатурата кои никогаш не ги користиме.

Сепак, тие не случајно се наоѓаат на нашата тастатура. Подолу можете конечно да ја дознаете функцијата на секое F копче и да ја разрешите мистеријата за нивното постоење.

F1
    Отвора мени за помош кога ќе се притисне со копчето Windows
   
F2
    Alt + Ctrl + F2 ја отвора библиотеката на документи во Microsoft Office
    Ви овозможува да ja уредите избраниот папка или име на датотека во Windows Explorer

F3
    Отвора функција за пребарување во Windows Explorer
    Shift + F3 ви овозможува да менувате од мали букви во големи букви во Word
    Отвора функција за пребарување во Firefox и Chrome

F4
    Alt + F4 го затвора прозорецот
    Го поместува курсорот во полето за адреси во Explorer

F5
    Започнува слајдшоу во PowerPoint
    Освежува страници на интернет-прелистувачот

F6
    Оди на следната страница на поделиот екран во Microsoft Word
    Ctrl + F6 ви овозможува лесно да се префрлате помеѓу Word документи

F7
    Alt + F7 прави проверка на правопис и граматика во Microsoft Word
    Shift + F7 отворa речник во Microsoft Word

F8
    Овозможува безбеден режим во Windows

F9
    Ctrl + F9 внесува празни полиња во Word
    Обновува полиња во Word

F10
    Отвора мени лента
    Ctrl + F10 го максимизира прозорецот во Word
    Shift + F10 го прави истото што и десен клик

F11
    отворање и затворање на целосен екран во прелистувачите
    Shift + F11 додава нова табела во Excel

F12
    Отвора Save as во Word
    Shift + F12 го зачувува документот Word
    Ctrl + F12 отвора нов Word документ

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »