Промовирани огласи »

Поевтинувањето на струјата за преработувачките на храна ќе донесе пониски цени на храната. Според најавите на надлжените се очекува храната да поевтини околу 10%, а тоа би се случило околи Нова година.

Граѓаните скептични и револтирани. Велат не може да скапне 100%, а сега да поевтини само 10%.

Кои цени ќе ги замрзне Владата? Тие што ги дигна до плафон! Нека ги врати старите цени ,па нека ги замрзнува и ич нека не ги одмрзнува!

Е да многу убаво, зголемени цени 100%, а сега намалени само 10%, не само младите сега и повозрасните си заминуваат од оваа вукојебина.

Реално храната треба да поевтини најмалку 40%. Секој ден нова цена на ист артикл. Ова е воено профитерство дозволено од власта.

Владината одлука се однесува на компаниите кои што произведуваат основни прехранбени производи во кои спаѓаат производителите на масло за јадење, леб и пекарски производи, брашно, млеко и млечни производи, месната и живинарската индустрија. Со оваа мерка, производителите на основните прехранбени производи ќе имаат предвидливост, стабилна и поевтина струја што крајно ќе влијае и на стабилизирањето на цените на финалните производи кои се произведуваат и се продаваат од овие компании, вели премиерот Ковачевски.

Промовирани огласи »

АД ЕСМ ќе набави природен гас од „Макпетрол“ за топланите „Исток“ и „Запад“ за периодот од 1 до 15 ноември и за КОГЕЛ во подружница „Енергетика“ за периодот 1 до 30 ноември, информираат од компанијата.

Со оглед на тоа што приватната гасна електрана ТЕ-ТО има обезбедено гас за својот режим на работа за ноември, за неа не е извршена набавка од АД ЕСМ. Фирмата ПГО извести дека не е во можност да почне да испорачува од 1 ноември, туку од 15 ноември, што дополнително ќе подлежи на нова понуда. Со овој понудувач ќе биде потребно да се комплетира и комуникацијата во однос на останатите документи кои се побаруваат пред склучување на договор, соопшти АД ЕСМ.

За понатамошниот период, се вели во соопштението, ќе се побараат нови понуди од заинтересираните фирми за снабдување, и тоа за топланите „Исток“ и „Запад“, за КОГЕЛ во „Енергетика“ и за евентуално ангажирање на приватната гасна електрана ТЕ-ТО од страна на АД ЕСМ.

Набавката на природен гас за пократок временски период е направена од причина што се бележи пад на цените на природниот гас на берзите и очекувањата се дека ќе се обезбедат поповолни услови, пред се финансиски, доколку се набавува сукцесивно за последователни покуси периоди, велат од ЕСМ.

Нагласуваат дека во следните денови, ЕСМ Дистрибуција на топлина ќе потпише и договор со ТЕ-ТО за ноември за преземање на топлинската енергија од оваа електрана, која ќе треба да влезе во системот на топлинска енергија за градот Скопје.

АД ЕСМ веќе ја информира јавноста дека алтернативно гориво за топланите е дизел горивото, за кое капацитетите технички и технолошки се подготвуваат да го користат и е полесно достапно за набавка. АД ЕСМ со своите друштва за топлинска енергија непрекинато испорачува греење за градот Скопје и така ќе продолжи и во следниот период, порачуваат од АД ЕСМ.

Промовирани огласи »

Котон е турска мултинационална компанија за облека. Заклучно со 2015 година, ланецот имаше над 362 продавници за малопродажба во 25 земји. Приказната за КОТОН, која започна во 1988 година со продавница од 25 квадратни метри, отворена во Кузгунчук, продолжува денес со речиси 500 продавници и 10.500 вработени во 28 земји. Со својот креативен персонал, КОТОН управува со модата и собира 250 милиони посетители годишно со над 60.000 производи.

Моментално се отворени следниве работни позиции:

ЗАМЕНИК РАКОВОДИТЕЛ НА МАЛОПРОДАЖЕН ОБЈЕКТ-СКОПЈЕ
ПРОДАЖЕН ПЕРСОНАЛ – ТЕТОВО

ПРОДАЖЕН ПЕРСОНАЛ - CAPITOL MALL
ЗАМЕНИК РАКОВОДИТЕЛ НА МАЛОПРОДАЖЕН ОБЈЕКТ-ТЕТОВО

Невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА!

Промовирани огласи »

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 0,50 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менува.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,584 ден/кг и сега ќе изнесува 50,067 ден/кг.

Од 1.11.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 90,50 (денари/литар)
  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 92,50 (денари/литар)
  • Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 99,00 (денари/литар)
  • Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 96,00 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС 50,067 (денари/килограм)
Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »