Семос Едукација, најголемиот компјутерски едукативен центар во регионот, годинава го прослави 27-миот роденден што е повод и за нов официјален вебсајт на Кариерниот центар, еден од водечките сектори во компанијата.
Успешните приказни на илјадници слушатели низ годините и бројните соработки со најголемите компании кои постојано ги регрутираат најдобрите слушатели од менторските програми, курсевите и Академиите на Семос Едукација се она што ги постави темелите на Кариерниот центар. Огромниот број препораки до компаниите за вработување/пракса на слушатели кои секојдневно се надградуваат со нови успеси, се главен мотив за продолжување на главната мисија – вмрежување на слушатели и компании.
Кариерниот центар активно се грижи за двете страни од аспект на поддршка, обезбедување на соодветни ресурси, активна комуникација, поврзување, чекори кои водат до успешна регрутација на слушателите во компаниите – притоа овозможувајќи квалитетен процес и задоволни клиенти.
Неуморните ентузијасти од Кариерниот центар работат посветено со цел разбирање на потребите на компаниите и ефективен одговор на барањата за вработување на кадар со соодветни квалификации, истовремено и на примена на комплементарни едукативни содржини и организирање на програми за менторство и пракса.
„Горди сме на успешните приказни од слушатели и компании кои сведочат за нечија кариерна промена, унапредување, преквалификација...Прекрасно е чувството кога ќе добиеме повик дека со наша поддршка, слушател се вработил или започнал со пракса на посакуваната работна позиција или пак повик од компанија дека слушателот одлично се вклопил на работното место. Наша најголема награда е кога и слушателите и компаниите се задоволни од соработката, тоа значи дека сме успеале да ги вработиме вистинските луѓе во вистинските компании.“ – вели Јелена Стевковиќ, асистент во Кариерниот центар.
Придобивките од членството во Кариерниот центар се двонасочни – компаниите добиваат сигурен HR партнер за пронаоѓање таленти кои ќе се развиваат во рамки на компаниската култура и вредности, а слушателите поддршка во планирање и развој на кариерата.
За таа цел, Кариерниот центар креира нови обуки за технички и меки вештини кои ќе го збогатат професионалниот профил на слушателот, ќе ја зголемат неговата конкурентност и ќе го олеснат процесот на селекција за компаниите. Дополнителен бенефит за секој член на Кариерниот центар е поддршката при изработка на професионално CV, мотивационо писмо и LinkedIn профил.
Кариерниот Центар брои 60+ компании соработници, а на своите Талент Партнери им овозможува директно да бидат дел од Семос Академиите, преку задавање реални проекти на студентите и оценување на нивните креативни и иновативни решенија.
Среќа е сознанието дека над 1500 студенти ја довериле својата кариерна промена на Кариерниот центар и од административни асистенти, референти за платен промет, фармацевтски техничари, банкари, IT практиканти денес се успешни Софтвер тестери, Front-end девелопери, UX дизајнери, HR менаџери, Графички дизајнери, Дата аналитичари, Дизајнери на ентериери, Дигитални маркетери итн.
Мотивирани од пост-пандемијата и следејќи ги новите трендови оваа година ја посветивме на актуелен тренд – Курс за фриленс кој е дополнителна можност за самовработување или пак локациски независна работа за странски компании.
Кариерниот центар на Семос Едукација е вистинскиот избор за луѓе што сакаат да ја променат насоката на својата кариера и сакаат целосно да ги искористат сопствените потенцијали, како и за компаниите кои се во потрага по високо квалификуван кадар од областа на IT и други дисциплини. Постоиме за да дадеме несебичен придонес во создавањето на подобро утре за сите генерации преку создавање и откривање таленти и нивно поврзување со компании во потрага по квалификувани кандидати, а од годинава нашата дејност ја проширивме и на српскиот пазар. Семос Едукација Србија активно поврзува слушатели со највлијателните компании во земјата.
„Она што не прави единствени е можноста да учествуваме во целиот процес на кариерен развој на нашите слушатели, од едукација до препорака во компанија. Но тука не завршуваме, овде сме да допринесеме и ефективно да го решиме прашањето за квалитететен кадар за компаниите. Горди сме дека за релативно краток период успеавме да ја прошириме оваа идеја и да ја стекнеме довербата на слушателите и на голем број на реномирани компании кои се денес наши партнери. Ние не носиме промени само на пазарот и во компаниите, задоволство ми е да кажам дека ние менуваме животи.“ - вели Ивана Чиплаковска, менаџер на Кариерниот центар.
Приклучете се на огромното семејство задоволни клиенти на Кариерниот центар за заедно да препознаваме нови таленти и да работиме на зголемување на вработеноста во државава.