Новиот сопственик на Твитер, Илон Маск соопшти дека профилот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп е вратен, бидејќи корисниците на социјалната платформа го поддржаа потегот преку анкетата што ја иницираше.
Народот кажа, напиша Маск на Твитер, информирајќи дека 51,8 отсто од над 15 милиони корисници на Твитер гласале за враќање на профилот.
Поранешниот американски претседател, сепак, можеби нема да се врати на платформата бидејќи рече дека „не гледа причина за тоа“.
Неговиот профил беше суспендиран во 2021 година поради ризик од поттикнување насилство.
Претходниот менаџмент на Твитер го избриша профилот на Трамп неколку дена по нападот врз американскиот Капитол во Вашингтон на 6 јануари, додека Конгресот се обидуваше да ја потврди победата на Џозеф Бајден на претседателските избори.
Во немирите што се случија за време на рацијата во просториите загинаа четворица цивили и еден полицаец.
После тоа, беа суспендирани профилите на Доналд Трамп на Фејсбук, Инстаграм и Јутјуб, кои имаа десетици милиони следбеници.
Неколку месеци подоцна, Трамп л ансираше сопствена платформа Truth Social.