Промовирани огласи »

Поговорката вели дека се е работа на договор, но малку кој се држи до неа. Многумина во преговори се впуштаат без страв, други со резерва, а трети пак не се ни обидуваат да преговараат. Преговорите се составен дел од секојдневието. Еве неколку практични совети како да ги подобрите своите техники на преговарање и да ги свртите работите во своја корист.

Делете комплименти

Пред да преминете на главното, обидете се да го “омекнете” соговорникот. Бидете љубезни, веројатноста да го добиете тоа што го сакате е поголема.

Прашајте дали постојат исклучоци

Дури и ако соговорникот цврсто стои на својот став, не се откажувајте. Следно што треба да направите е да прашате дали постојат исклучоци и дали никогаш до сега не отстапил од договореното.

Понудете решение

Кај преговарањето понекогаш е важно да знаете точно да го составите и да го кажете тоа што го сакате. Ако, на пример, се жалите на услугите на некоја компанија, понудете им предлог како да се реши проблемот. Ако не го прифатат вашиот предлог, ќе мораат да ви понудат алтернативно решение.

Повикајте се на правилата

Ако, на пример, се обидувате да решите проблем со некој продавач затоа што се чувствувате измамени, инсистирајте вашиот соговорник да ви ја објасни политиката на работењето или поставените стандарди на стоката што ја продава, притоа потсетувајќи го колку долго сте негов потрошувач. Поставувајте прашања како “Дали е тоа официјален став на компанијата?” или “Како ќе ја вратите мојата доверба?”

Бидете самоуверени

Кај преговорите, покрај пријателскиот настап и насмевка, секогаш е важно до крај да останете самоуверени и сталожени. Дури и во ситуации кога вашиот соговорник ќе почне да ви се обраќа на повисок тон, останете мирни.

Моќта на тишината

Бројните искуства велат дека некогаш, откако во преговорите ќе слушнете “не”, неколку секунди молчење од ваша страна можат да бидат многу корисни.

Промовирани огласи »

Ин Тиме МК БПС како единствен авторизиран сервис за УПС во Македонија врши меѓународни курирски услуги. Со помош на 316 чартер летови, уште 266 авиони, сопственост на УПС, Вашите лични и службени пратки- писма, примероци, каталози,резервни делови, апарати и опрема, книги, уметнички предмети – се доставуваат до корисниците во над 200 земји и територии во светот.

Ин Тиме МК БПС опфаќа 100 % од територијата на земјата. На територијата на Македонија, Ин Тиме МК БПС има отворено три канцеларии кои се целосно посвeтени на курирскиот сервис:
Аеродром “Александар Велики” , Петровец ( логистика и оператива)
Експрес центар, населба Илинден ( логистика, оператива, подршка на клиенти, ИТ подршка)
Експрес центар, Штип ( курирски центар за подршка за Источна Македонија)

Мометално е активна следнава работна позиција:

ГРАДСКИ КУРИР ВО СОФИЈА, БУГАРИЈА


Доколку сеуште ја немате пронајдено својата идеална работна позиција, сите останати активни работни места можете да ги најдете ТУКА!

Промовирани огласи »

Се знае какви одлуки ќе се носат на Влада ако од 1 декември нема намалување на цените на основните прехранбени производи согласно компонентата или, пак, инпутот на електрична енергија, порачуваат одговорните во власта.

За оние кои нема да користат повластена цена на струјата ќе следат други мерки кои ќе се донесат во случај да не ги намалат цените. Согласно Законот за трговија можеме да донесеме мерки во време на криза за замрзнување на цени, одредување на маржи, и слично. Ги имаме листите и Државен пазарен инспекторат ќе врши соодветни контроли, рече министерот за економија Крешник Бектеши во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Владата и додаде дека веќе има тренд на намалување на цените на одредени производи.

Од 1 декември, како што кажа, сите компании кои можеа да ја користат мерката за субвенционирано снабдување со електрична енергија по цена од 80 евра за мегават час ќе треба да ги намалат цените на производите.

Станува за околу 1.000 компании од кои околу 600 се мали пекарници а само 180 се големи производители, рече Бектеши.

Оцени дека помалиот интерес од планираниот за субјектите од прехранбениот сектор можеби се должи на тоа што голем дел од нив веќе маат склучено договори за снабдување со електрична енергија. Од планираните околу 1.000 субјекти само 235 до вчера поднесоа барање до АД ЕСМ за субвенционирано снабдување со електрична енергија по повластена цена од 80 евра за мегават час од 1 декември.

Премиерот Димитар Ковачевски, пак, порача дека мерките за субвенционирана електрична енергија за компании кои произведуваат основни прехранбени производи се направени со цел за најмалку за 10 проценти да се намалат цените на таквите производи.

Цената на електричната енергија се субвенционира и за основни и средни училишта за да се обезбеди непречено функционирање на образовниот процес, бидејќи не смее да дозволиме децата повторно да седат дома. Се субвенционира и за здравствените установи за да имаат непречено снабдување со електрична енергија и за водоснабдителните претпријатија кои работат со пумпи и пречистителни станици за урбани води за да не останат граѓаните без нивните услуги, рече Ковачевски.

Тој им укажа на локалните власти дека мерките не се за удопство, ниту на државна администрација, ниту, пак, на општинска администрација.

Во време на криза не се финансира удопство и изобилие, туку солидарност. Овие мерки не се за да некој во време на криза ужива во удопство, а друг да не може да сврзи крај со крај. Овие мерки не се за да некој седи по канцеларии, да си вари кафиња, да држи состаноци и да чита весници. Тие мерки се за граѓаните. Затоа за комуналните претпријатија за снабдување со вода и за основните и средните училишта локалните власти да си поднесат барање за да се обезбеди се она што е потребно за децата и за граѓаните, потенцира Ковачевски.

(МИА)

Промовирани огласи »

Откако Илон Маск го купи Твитер пред неполн месец, проблемите не престануваат. Освен што на големо се пишува и зборува за неговите контроверзни потези, како масовното отпуштање и наплата на проверени сметки, на ред дојдоа и огласувачите. Имено, сè повеќе компании се повлекуваат од Twitter, барем привремено, а GM прв го стори тоа.

Во меѓувреме, најбогатиот човек на светот наиде на различни предизвици за да ги убеди останатите „големи играчи“ да останат на платформата, а се чини дека неговите постапки ја отворија Пандорината кутија.

Имено, сега се огласи и германскиот производител на автомобили, Ауди, кој до понатамошно известување ги прекина сите активности на Твитер. Ова го објави германскиот весник Wirtschaftswoche, повикувајќи се на сигурни извори од компанијата.

Фолксваген, кој е сопственик на Ауди заедно со брендовите VW, Seat, Cupra, Lamborghini, Bentley, Ducati и Porsche, на почетокот на неделава соопшти дека им препорачал на сите компании што ги поседува да го паузираат платеното рекламирање на Твитер до понатамошно известување.

Ауди не беше веднаш достапен за коментар, а компанијата нема твитано од 1 ноември, што го правеше речиси секој ден дотогаш.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »