Промовирани огласи »

Веројатно е дека од понеделник Скопје ќе биде под целосна блокада. Данела Арсовска, граноачалничката на Скопје вели дека по одлуката на приватните превозници да се прекине јавниот превоз, договорот со нив се смета за раскинат и таа одлука е конечна. Според неа, приватните превозници со одлуката за прекинот на јавниот превоз, одлучиле и да им ја укинат автобуската услуга на граѓаните.

Можности за враќање назад, не постојат. Има нов јавен повик, на новиот јавен повик сите оние кои ќе сакаат чесно да работат и оваа јавна услуга да ја овозможуваат до граѓаните ќе имаат можност да си се пријават и да можат да си ја обавуваат дејноста којашто ја обавувале претходно, меѓутоа без да има можности за вакви манипулации како што имаше претходниот период, изјави градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.

Од Град Скопје претходно најавија дека од следната недела ќе биде објавен јавен повик на кој ќе можат да се пријават сите приватни превозници, со цел поголема транспарентност на процесот и полесно разрешување на потенцијални проблеми.

Првата блокада на приватните превозници се одржа на 28 ноември на крстосницата кај ТЦ „Мавровка“, кога околу 30 автобуси на „Слобода превоз“ и „Мак-експрес“ беа паркирани на булеварите „Гоце Делчев“ и „Крсте Петков Мисирков“, со барање „да им бидат исплатени долговите за да можат да почнат повторно со работа“.

Нека бркаат криминал и нека воведуваат концепт. Но компролисот е дотогаш да биде обезбеден нормален превоз за да не трпат штети граѓаните. Имаме право на протест, како што се протестира и во западните земји. Но, таму нема закани и покажување на сила кон превозниците. Ако треба да се покажува кој е посилен, тоа не е добар пат. Не бараме ништо повеќе од тоа што ни следува. Но компромисно, можно е да добиеме дел од долгот, од парите што ние сме ги заработиле. Градот, всушност, не функционира. Се обративме секаде и во Владата и на други места, но Данела Арсовска може целиот проблем да го реши со еден потег, рече Ленин Јовановски.

Во петокот просетантите ги отстранија автобусите од „Илинденска“, но ако нема договор за тек на викендот ќе има блокади в понеделник, најавија тие.

Промовирани огласи »

Домаќинствата за 16,32 проценти ја намалиле потрошувачката на електрична енергија во скапа (висока) тарифа откако се воведени блок тарифите, покажуваат анализите на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија.

Согласно податоците, соопштија денеска од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, 244 kWh изнесувала просечната потрошувачка на електрична енергија од 1 јули заклучно со 31 октомври во висока тарифа, што е за 16,32 проценти помалку во споредба со истиот период од минатата година кога просечната потрошувачка изнесувала 281 kWh.

Реформата е успешна, блок тарифите даваат резултати и ја постигнуваат таргетираната цел за рационално користење на електрична енергија. Принципот кој троши повеќе да плаќа повеќе, а кој троши помалку, да плаќа помалку – има ефект и тоа го покажуваат анализите на просечната потрошувачка на електрична енергија во висока тарифа каде се регистрира за 16,32 проценти заштеда во потрошувачката од како ги воведовме блок тарифите од 1 јули до 31 октомври, изјавил Марко Бислимоски, претседател на регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, се наведува во соопштението.

РКЕ од 1 јули воведе четири блок тарифи со цел да испрати сигнал за рационално користење на електричната енергија. Првиот блок е до 210 kWh, вториот е од 211-630 kWh, третиот е во опсег од 631-1050 kWh и четвртиот е над 1050 kWh.

Промовирани огласи »

Согласно Законот за празниците на Република Македонија 8 декември (четврток) е неработен ден за сите граѓани.

На овој ден се чествува споменот за Св. Климент Охридски, најдаровитиот ученик на рамноапостолните сесловенски браќа Кирил и Методиј.

Промовирани огласи »

Министерот за финансии, Фатмир Бесими, на денешната прес-конференција во Владата допрецизираше дека данокот на производите кои влегуваат во егзотична храна ќе се зголеми, но само на оние артикли за кои ставката е 5 отсто. ДДВ-то за истите, според предлогот на Владата, е да биде 10 отсто.

Како што наведе министерот, станува збор за пропизводи како „морски плодови и риби од Атлантскиот и Индискиот океан“.

Тие до сега биле до 5 отсто. Владата при прочистување на листата, за тие предлага да им се зголеми оданочувањето од 5 на 10 отсто. Иако сметам дека во иднина тие ќе треба да дојдат до основната стапка од 18 отсто. Социјална преференца нема во тартуфи, масло од чија, кокос и други зрна, рече Бесими.

Тој најави дека ќе се зголеми и данокот на зачините кои не се карактеристични за македонското поднебје.

Ќе има дополнително оданочување на кашкавалите со посебни состојки. Ако одите во супермаркет, ќе видите на полиците дека има десетици видови на сирења, дополни Бесими.

Тој додаде дека станува збор за 3.000 производи кои се расчленуваат од даночните броеви на повеќе даночни ознаки.

Бесими пред два дена најави поголемо оданочување на производи од кит, делфин и слични понуди за трпеза која не може секој да си ја доизволи.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »