Министерот за финансии, Фатмир Бесими, на денешната прес-конференција во Владата допрецизираше дека данокот на производите кои влегуваат во егзотична храна ќе се зголеми, но само на оние артикли за кои ставката е 5 отсто. ДДВ-то за истите, според предлогот на Владата, е да биде 10 отсто.
Како што наведе министерот, станува збор за пропизводи како „морски плодови и риби од Атлантскиот и Индискиот океан“.
Тие до сега биле до 5 отсто. Владата при прочистување на листата, за тие предлага да им се зголеми оданочувањето од 5 на 10 отсто. Иако сметам дека во иднина тие ќе треба да дојдат до основната стапка од 18 отсто. Социјална преференца нема во тартуфи, масло од чија, кокос и други зрна, рече Бесими.
Тој најави дека ќе се зголеми и данокот на зачините кои не се карактеристични за македонското поднебје.
Ќе има дополнително оданочување на кашкавалите со посебни состојки. Ако одите во супермаркет, ќе видите на полиците дека има десетици видови на сирења, дополни Бесими.
Тој додаде дека станува збор за 3.000 производи кои се расчленуваат од даночните броеви на повеќе даночни ознаки.
Бесими пред два дена најави поголемо оданочување на производи од кит, делфин и слични понуди за трпеза која не може секој да си ја доизволи.