Промовирани огласи »

В.д. директорот на Јавното сообраќајно претпријатие Александар Стојковски во интервју за МИА вели дека дека автобусите на ЈСП се технички исправни и најавува нови вработувања за возачи поради одлив на кадар по основ на пензионирање.

Ветува и дека скопјани ќе добијат бесплатен јавен превоз, ветување кое беше дадено во предизборната кампања од страна на градоначалничката Данела Арсовска. 

 Вели дека работите се ставени во мирување поради актуелната економска и енергетска криза, но дека се прават подготовки за да се реализира ветеното пред граѓаните на главниот град. 

Да, скопјани ќе добијат бесплатен јавен превоз. Ние изминатиот период почнавме со фазни продготовки, односно сакавме бесплатниот јавен превоз да го воведуваме во фази, но поради економската криза којашто во моментов се случува на светско и на глобално ниво, тоа го оставивме во мирување, но тоа не значи дека не ги правиме подготовките за да се реализира ветеното, рече Стојковски во интервјуто. 

Промовирани огласи »

Флукер се пензионирал пред речиси 30 години, но тоа не траело долго – тој едноставно морал да ги задржи рацете и умот зафатени. Стра сниот работник и денес продолжува да придонесува кон заедницата работејќи во складиште за добротворни прилози „Сент Колумбо“, секоја недела по неколку дена, објави „Единбург лајв“.

Тој вели дека ја сака атмосферата на своето работно место и сака да го одржува уредно, за тоа да изгледа како што попрофесионална установа.

Се пензионирав кога имав 72 години, но набрзо повторно почнав да работам, бидејќи едноставно не можев да поднесам да немам што да правам… Морав да правам нешто. Моите раце се такви што постојано мора да работат нешто.

Заедно со останатите доброволци прифаќа добротворните прилози, ги подредува и оценува што може да се предаде, а што – не. Тој, вели, води грижа и за складот да биде чист и уреден, за да им биде убав на луѓето.

-Ми се допаѓа да доаѓам овде бидејќи и сите други волонтери се среќни луѓе – сите уживаат во работата и со нетрпение очекуваат да дојдат… Мислам дека луѓето треба да продолжат да прават нешто, да го одржуваат умот зафатен и рацете – да работат, да се дружат со луѓето и да им помагаат, додаде тој.

Флукер се сложува дека ова е отскокнување во односот кон работа, каде што луѓето обично очекуваат работното време да заврши што поскоро.

Промовирани огласи »

Вредноста на доларот денеска е блиску до најниското ниво во последните 16 недели во однос на кошницата на главни валути, еврото е стабилно, додека јуанот е на пат на најголемата неделна добивка од 2005 година.

Индексот на доларот, кој ја мери вредноста на доларот во однос на шесте главни ривали, моментално е намален за 0,1 отсто на 104,55 поени, откако претходно го допре најниското ниво од 29 јуни од 104,36 поени, пренесува Ројтерс.

Индексот на доларот падна за повеќе од 5,0 отсто во ноември поради очекувањата дека Федералните резерви ќе почнат да го забавуваат темпото на зголемување на каматните стапки веќе на состанокот во декември.

Октомвриските податоци за инфлацијата во САД од 6,0 отсто на годишна основа, објавени во четвртокот, ги поддржуваат овие очекувања.

Вниманието на инвеститорите на пазарите на пари денеска е насочено кон очекуваниот извештај за новоотворените работни места во американскиот неземјоделски сектор, за да се оцени како зголемувањето на каматните стапки се одрази на пазарот на труд.

Еврото остана главно рамно во однос на американската валута, тргувајќи се за 1,0527 долари, откако вчера порасна за 1,1 отсто.

Претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард денеска предупреди дека фискалната политика на некои европски земји може да доведе до прекумерна побарувачка, нагласувајќи дека фискалната и монетарната политика треба да работат синхронизирано за одржлив, избалансиран економски раст.

Британската фунта се тргува за 1,2260 долари, што е пад од 0,1 отсто на денот, покажуваат најновите достапни податоци. Фунтата порасна за 1,7 отсто во четвртокот и достигна петмесечен максимум од 1,2311 долари.

Во исто време, кинескиот јуани денеска напредуваше за 0,4 отсто на 7,0294 јуани за долар.

Според Refinitiv records, јуанот е на пат на својот најголем неделен пораст откако Кина ја ревалоризираше националната валута во 2005 година, поттикнати од очекувањата дека кинеската политика за нулта ковид ќе биде укината и дека ФЕД ќе го олесни зголемувањето на основната каматна стапка.

Во однос на јапонскиот јен, доларот падна за 1,0 отсто на 133,98 јени, што е најниско ниво од 16 август.

Промовирани огласи »

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Котон е турска мултинационална компанија за облека. Заклучно со 2015 година, ланецот имаше над 362 продавници за малопродажба во 25 земји. Приказната за КОТОН, која започна во 1988 година со продавница од 25 квадратни метри, отворена во Кузгунчук, продолжува денес со речиси 500 продавници и 10.500 вработени во 28 земји. Со својот креативен персонал, КОТОН управува со модата и собира 250 милиони посетители годишно со над 60.000 производи.

Моментално вработува:

ЗАМЕНИК РАКОВОДИТЕЛ НА МАЛОПРОДАЖЕН ОБЈЕКТ-СКОПЈЕ
ПРОДАЖЕН ПЕРСОНАЛ

Подружницата на Mellon Technologies и член на Mellon Group е основана во 2003 година во Скопје. Компанијата е воспоставена на пазарот поради нејзината доминантна улога во воведувањето и рационализирањето на имплементацијата на новите технологии, како и квалитетот на контакт центарот и аутсорсинг услугите. Вклучувајќи го меѓународното знаење на групата со локалната експертиза на компанијата, Mellon Solutions е уникатно позициониран за да ги олесни сигурните и трансформирачките трансакции.

Моментално вработува:

SOFTWARE ENGINEER

Офис Плус е водечка компанија во Македонија за продажба и дистрибуција на канцелариски материјали, ИТ, канцелариски мебел, промоција, патни торби и училишна опрема. Компанијата работи на сите канали на дистрибуција: трговија на големо и мало, продажба по каталог и работи на решение за продажба преку веб шоп.

Моментално вработува:

ПРОДАЖЕН РЕФЕРЕНТ - СИТИ МОЛ
ПРОДАЖЕН РЕФЕРЕНТ - EAST GATE

NATURA THERAPY е водечка компанија на пазарот која се занимава со развој, производство и продажба на висококвалитетни, иновативни природни додатоци на исхраната наменети за подобрување и одржување на здравјето на човекот. Силно придонесуваме во развивање на колективната свест и информираност на граѓаните за значењето и потребата од промени во животниот стил и употребата на природни додатоци на исхраната, со цел обезбедување на максимален животен потенцијал за секој поединец.

Моментално вработува:

АДМИНИСТРАТОР ВО CALL CENTAR

СЕТЕК сé од техника е лидер во областа на ИТ, аудио видео и белата техника, кој на македонскиот пазар е присутен 28 години. СЕТЕК сé од техника ја поседува најголемата дистрибутивна мрежа во Македонија која ја сочинуваат повеќе од 500 активни партнерски фирми – соработници и кооператори. Истовремено СЕТЕК сé од техника има и свој малопродажен ланец кој континуирано се развива и моментално брои околу 400 вработени. Ние веруваме дека нашите вработени се движечката сила на нашата компанија и затоа креираме едно модерно и здраво работно опкружување со еднакви прилики и можности за сите вработени. 

Моментално вработува:

ОПЕРАТОР ВО КОНТАКТ ЦЕНТАР ВО СКОПЈЕ
РЕФЕРЕНТИ ЗА ПРОДАЖБА ВО ОХРИД

УНИЦЕФ е основан пред повеќе од седумдесет години за да одговори на критичните потреби на децата чиј живот беше разорен од Втората светска војна. Всушност, најпрвата пратка на УНИЦЕФ, во август 1947 година, беше за децата во земјава кога таа беше дел од Југославија.

Моментално вработува:

FINANCE AND ACCOUNTS ASSOCIATE, GS6, FIXED TERM APPOINTMENT

Креди ЈЕС е финансиско друшто кое нуди решенија за микрокредитирање на физички лица со износ на кредити од 3000 до 90 000 денари. Креди ЈЕС ви нуди брзи и поволни потрошувачки кредити со флексибилни рати и без скриени трошоци. Нашите критериуми за одобрување на кредитот и висината на месечните рати се целосно прилагодени според потребите и можностите на клиентите во Македонија. Нашиот тим е составен од амбициозни и посветени вработени подготвени да Ве сослушаат и да Ви помогнат во секое време. Креди ЈЕС нуди неколку продукти што ќе ги задоволат Вашите индивидуални потреби. Транспарентност, почит кон клиентите, квалитетна услуга и брзина се наш приоритет при секоја наша услуга.

Сите активни огласи на Креди ЈЕС можете да ги најдете ТУКА.

AАРОНС ДЕПАРТМЕНТ е DBS Umbrella Body што нуди брзи и ефективни DBS (CRB) проверки за организациите. Регистрирајте се сега и почнете да ги добивате резултатите од DBS за неколку часа. 

Моментално се отворени следниве работни позиции:

FULL-STACK DEVELOPER
RECRUITMENT MANAGER
ENGLISH SPEAKING TELEPHONE ASSISTANT

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »