Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.
Котон е турска мултинационална компанија за облека. Заклучно со 2015 година, ланецот имаше над 362 продавници за малопродажба во 25 земји. Приказната за КОТОН, која започна во 1988 година со продавница од 25 квадратни метри, отворена во Кузгунчук, продолжува денес со речиси 500 продавници и 10.500 вработени во 28 земји. Со својот креативен персонал, КОТОН управува со модата и собира 250 милиони посетители годишно со над 60.000 производи.
Моментално вработува:
ЗАМЕНИК РАКОВОДИТЕЛ НА МАЛОПРОДАЖЕН ОБЈЕКТ-СКОПЈЕ
ПРОДАЖЕН ПЕРСОНАЛ
Подружницата на Mellon Technologies и член на Mellon Group е основана во 2003 година во Скопје. Компанијата е воспоставена на пазарот поради нејзината доминантна улога во воведувањето и рационализирањето на имплементацијата на новите технологии, како и квалитетот на контакт центарот и аутсорсинг услугите. Вклучувајќи го меѓународното знаење на групата со локалната експертиза на компанијата, Mellon Solutions е уникатно позициониран за да ги олесни сигурните и трансформирачките трансакции.
Моментално вработува:
SOFTWARE ENGINEER
Офис Плус е водечка компанија во Македонија за продажба и дистрибуција на канцелариски материјали, ИТ, канцелариски мебел, промоција, патни торби и училишна опрема. Компанијата работи на сите канали на дистрибуција: трговија на големо и мало, продажба по каталог и работи на решение за продажба преку веб шоп.
Моментално вработува:
ПРОДАЖЕН РЕФЕРЕНТ - СИТИ МОЛ
ПРОДАЖЕН РЕФЕРЕНТ - EAST GATE
NATURA THERAPY е водечка компанија на пазарот која се занимава со развој, производство и продажба на висококвалитетни, иновативни природни додатоци на исхраната наменети за подобрување и одржување на здравјето на човекот. Силно придонесуваме во развивање на колективната свест и информираност на граѓаните за значењето и потребата од промени во животниот стил и употребата на природни додатоци на исхраната, со цел обезбедување на максимален животен потенцијал за секој поединец.
Моментално вработува:
АДМИНИСТРАТОР ВО CALL CENTAR
СЕТЕК сé од техника е лидер во областа на ИТ, аудио видео и белата техника, кој на македонскиот пазар е присутен 28 години. СЕТЕК сé од техника ја поседува најголемата дистрибутивна мрежа во Македонија која ја сочинуваат повеќе од 500 активни партнерски фирми – соработници и кооператори. Истовремено СЕТЕК сé од техника има и свој малопродажен ланец кој континуирано се развива и моментално брои околу 400 вработени. Ние веруваме дека нашите вработени се движечката сила на нашата компанија и затоа креираме едно модерно и здраво работно опкружување со еднакви прилики и можности за сите вработени.
Моментално вработува:
ОПЕРАТОР ВО КОНТАКТ ЦЕНТАР ВО СКОПЈЕ
РЕФЕРЕНТИ ЗА ПРОДАЖБА ВО ОХРИД
УНИЦЕФ е основан пред повеќе од седумдесет години за да одговори на критичните потреби на децата чиј живот беше разорен од Втората светска војна. Всушност, најпрвата пратка на УНИЦЕФ, во август 1947 година, беше за децата во земјава кога таа беше дел од Југославија.
Моментално вработува:
FINANCE AND ACCOUNTS ASSOCIATE, GS6, FIXED TERM APPOINTMENT
Креди ЈЕС е финансиско друшто кое нуди решенија за микрокредитирање на физички лица со износ на кредити од 3000 до 90 000 денари. Креди ЈЕС ви нуди брзи и поволни потрошувачки кредити со флексибилни рати и без скриени трошоци. Нашите критериуми за одобрување на кредитот и висината на месечните рати се целосно прилагодени според потребите и можностите на клиентите во Македонија. Нашиот тим е составен од амбициозни и посветени вработени подготвени да Ве сослушаат и да Ви помогнат во секое време. Креди ЈЕС нуди неколку продукти што ќе ги задоволат Вашите индивидуални потреби. Транспарентност, почит кон клиентите, квалитетна услуга и брзина се наш приоритет при секоја наша услуга.
Сите активни огласи на Креди ЈЕС можете да ги најдете ТУКА.
AАРОНС ДЕПАРТМЕНТ е DBS Umbrella Body што нуди брзи и ефективни DBS (CRB) проверки за организациите. Регистрирајте се сега и почнете да ги добивате резултатите од DBS за неколку часа.
Моментално се отворени следниве работни позиции:
FULL-STACK DEVELOPER
RECRUITMENT MANAGER
ENGLISH SPEAKING TELEPHONE ASSISTANT