Промовирани огласи »

По повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост 03.12.2022  Алфи Би Компани со голема љубов Ве поканува во период од 11:00 часот до 14:00 часот на убаво дружење во Алфи Техноцентар Куманово и Скопје, заеднички со многу насмевки да го одбележиме овој ден!

Алфи Би Компани од 2006 година е регистрирана како заштитно трговско друштво за вработување на лица со попреченост. Веќе 16 години со помош на нашиот искусен тим им даваме еднакви можности, максимална поддршка за вработување на лицата со попреченост, секојдневно работиме на нивниот кариерен напредок.

Од вкупно 120 вработени нашата компанија во моментов има 55 лица со попреченст на различни работни позиции, сектор продажба, магацин, прием на роба, има лица со попреченост кои се дел од маркетинг секторот, лица со попреченост кои се одговорни и го водат секторот за човечки ресурси, како и постојана грижа за потрошувачите и интернет продажба, работните позиции се прилагодени во зависност од степенот и видот на попреченоста, телесна попреченост, оштетување на слух и говор, интелектуална попреченост. 

Нашата ангажираност и максималната поддршка за лицата со попреченост секојдневно продолжува!

⭐️ На овој ден за Вас подготвивме убави изненадувања, пријатно дружење, максимална забава!

Во Скопје ќе ве пречека шармантниот Марко Новевски во период од 11:00 до 12:00 часот.

Во Куманово ќе ве пречека, нашиот и Ваш, Драган Величковски - Tyzee (Тајзи)!

Промовирани огласи »

За организацијата да работи непречено и да ги исполнува своите цели, важно е да се поттикнат вработените за соработка. За жал кај повеќето фирми ова не се случува природно, затоа се вложуваат напори и се превземуваат чекори за успешна соработка на работното место. Соработката на работното место може да означува многу работи. Ова го вклучува нивото на кое вработените учествуваат во донесувањето одлуки, како менаџментот и вработените работат заедно за да ги решат проблемите  за да заедничките цели бидат постигнати.

Постојат многу начини кои раководството заедно со вработените можат да ги преевземат за подобрување на соработката на работното место.

  • Тимската работа мора да стане дел од културата на вашето работно место.
  • Ресурсите потребни на вашиот тим секогаш треба да бидат обезбедени од претпоставените.
  • Бидете социјализирани и надвор од работа.
  • Поделете ги улогите со другите колеги во тимот.
  • Проблемите секогаш решавајте ги навреме.

Не дозволувајте лошата комуникација да ви наштети на вашето работното место и имплементирајте ги горенаведените совети за да се осигурате дека соработката  ви оди  во добар правец.

Промовирани огласи »

Како што најавија, од 6 часот утрово приватните превозници започнаа со блокади на булеварот „Илинденска“. 

Тие ги паркираа своите автобуси на крајот од сообраќајните ленти, на потегот од зградата на Владата до крстосницата кај МИ-ДА, „Слобода Превоз“ и „Макекспрес“ го бараат неисплатениот долг од ЈСП Скопје. Викендов ќе се бара решение за настанатата ситуација, но ако не дојде до истото, приватните превозници најавуваат целосна блокада на сообраќајот во Скопје. 

Тоа би значело одржување на протести на крстосниците кај „Мавровка“, кај Црвен Крст, како и целосно блокирање на „Илинденска“. 

Директорот на „Слобода превоз“, вчера на прес-конференција рече дека денешната блокада ќе покаже дали ќе се изнајде некое решение, а и најави продолжување на истата во текот на викендот и следната недела. Тој најави дека околу 200 автобуси ќе бидат паркирани пред објектите на Град Скопје. 

Град Скопје, пак, вчера информираше дека го раскинува договорот со приватните превозници, како што соопштија - заради неисполнување на обврските од страна на превозниците. Од здружението на приватни превозници за ова реагираа со информација дека ќе ја оспорат одлуката пред суд. 

Во Скопје утрово, токму заради протестот на превозниците, има посебен сообраќаен режин на „Илинденска“. Според информациите на МВР, посебен сообраќаен режим има од крстосницата на бул „Илинден“ со бул. „Св. Климент Охридски“ до крстосниците со бул. „8 Септември“  и околните улици. МВР со апел до граѓаните да ги почитуваат наредбите од полициските службеници. 

Се очекува во текот на денот да има и реакција од Град Скопје за протестот и дали ќе се изнајде соодветно решение, за да не дојде до целосна сообраќајна блокада во главниот град од понеделник.

Промовирани огласи »

„Од денеска компаниите производители на основни продукти ќе добиваат поевтина цена на електричната енергија, како дел од антикризните мерки преземени од страна на Владата предводена од СДСМ.“, стои во соопштението на СДСМ.

„Компаниите кои произведуваат основно прехранбени продукти од денеска ќе добиваат електрична енергија по фиксна цена од 80 евра за мегават час, што е двојно поевтина од цената на регулираниот пазар.

Ова ќе значи намалување на производствените трошоци, што ќе доведе до намалување на цените за крајните потрошувачи.

Треба да се напомене дека досега веќе е намалена цената на лебот, како и на некои млечни производи и масла за јадење, но во следниот период ќе се намалат цените и на останатите основни продукти помеѓу пет и 13 отсто.

Ова за граѓаните ќе значи поевтини производи и помали трошоци во семејниот буџет.

Инаку, Владата продолжува со субвенционирање на цената на електричната енергија од 80 отсто за 600.000 домаќинства и за 72.000 домашни компании.

Докажаниот метод на нашиот студент им помогна на илјадници луѓе да го подобрат видот – ги полуди сите во регионот
Продолжува и поддршката за субвенционирање на сметки за електрична енергија за околу 4.000 семејства со ниски примања.“, се вели во соопштението.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »