СТУДИО МОДЕРНА ДООЕЛ Скопје лого

Сениор специјалист за финансии и сметководство

Активни огласи од СТУДИО МОДЕРНА ДООЕЛ Скопје:

Продажни агенти - Скопје

Сениор специјалист за финансии и сметководство 

Студио Модерна е водечка мултиканална компанија во регионот, позната по брендовите Dormeo, Delimano, Rovus, Wellneo и Top Shop. Нашата мисија е преку иновативни производи и врвна услуга да го подобриме секојдневието на нашите клиенти. 

Во моментов го прошируваме нашиот тим и бараме Специјалист за финансии и сметководство кој ќе има важна улога во обезбедувањето точни, навремени и усогласени финансиски процеси во компанијата. 

Доколку си организирана, аналитична и одговорна личност со искуство во финансии и сметководство, те покануваме да станеш дел од нашиот тим. 

Работни задачи 

  • Организација и водење на целокупното сметководствено и финансиско работење 
  • Следење и примена на законската регулатива од областа на сметководство и финансии 
  • Контрола и евиденција на финансиски и материјални трансакции 
  • Подготовка на финансиски извештаи, анализи и документација согласно законски и корпоративни стандарди 
  • Подготовка и пресметка на плати, даноци и придонеси 
  • Подготовка и поднесување даночни пријави и извештаи до релевантни институции 
  • Следење и контрола на книжење и организација на процесите во одделот 
  • Подготовка на месечни финански извештаи  
  • Комуникација и координација со банки, ревизори и надворешни институции 
  • Поддршка при финансиски анализи, буџетирање и интерни контроли. 

Потребни квалификации 

  • Високо образование од областа на економија, финансии или сметководство. 
  • Лиценца за овластен сметководител. 
  • Најмалку 3 години работно искуство во финансии и/или сметководство. 
  • Искуство со користење ERP и сметководствени системи. 
  • Напредно познавање на MS Office, особено Excel. 
  • Одлични аналитички способности, организираност, прецизност и висок степен на доверливост. 
  • Познавање на англиски јазик ќе се смета за предност. 

Нудиме 

  • Стабилна и професионална работна средина. 
  • Работа во динамичен и поддржувачки тим. 
  • Можност за професионален развој, обуки и напредување. 
  • Конкурентни и стимулативни примања согласно искуството и квалификациите. 
  • Стабилен работен однос и можност за долгорочна кариера. 

📩 Аплицирај денес!  

Испрати го твоето CV на: [најави се за да го видиш е-маилот]  

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани!

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »