Многумина мислат дека работењето „сериозна“ работа со полно работно време и студирање на одат заедно. Но, дали е навистина така?
За многу студенти, идејата да се студира и истовремено да се работи со полно работно време звучи тешко, па дури и невозможно. Предавања, испити, проекти, рокови, приватен живот и работа на прв поглед изгледа како премногу обврски во еден ден. Но, во реалноста, со добра организација и вистинско работно опкружување, оваа комбинација не само што е возможна, туку може да биде и одлична основа за професионален и личен развој без да се има чувство дека се пропушта нешто.
Во Agile Pro Solutions, компанија која работи во Скопје и Тетово, веќе имаме повеќе редовни студенти кои успешно ја комбинираат својата работа со студирањето. Нашето работно време е усогласено со американскиот пазар, што значи дека локално се работи од 16:00 до полноќ. Токму ова работно време за многу студенти претставува голема предност бидејќи им овозможува почетокот на денот да го користат за универзитетски обврски, предавања, вежби и учење, а попладневните и вечерните часови - за работа. Слободните викенди се уште еден фактор плус што токму нас не прави вистински избор за паралелно студирање и работа.
Работата со полно работно време носи одговорност, дисциплина и посветеност. Но, истовремено носи и стабилност. Одличните плати во нашата компанија им овозможуваат на студентите да бидат финансиски самостојни, да ги покриваат своите трошоци за студирање и живот и да не зависат целосно од семејна поддршка. За многумина ова е идеална комбинација за самоодржливо студирање.
Покрај финансискиот дел, студентите добиваат нешто уште поважно - реално работно искуство на проекти во Америка. Додека многумина чекаат да дипломираат за да ја започнат својата кариера, студентите кои работат кај нас веќе стекнуваат професионални навики, комуникациски вештини, искуство со меѓународни клиенти и подобро разбирање на бизнис-средината. Тоа им дава голема предност кога ќе излезат на пазарот на трудот пред се на американскиот.
Секако, оваа комбинација бара добра организација, бидејќи не секогаш е лесно да се направи баланс помеѓу испитни сесии, работни обврски и приватен живот. Со јасен распоред, дисциплина и поддршка од тимот, многу студенти докажуваат дека е возможно. Најважно е работното место да биде средина која ја разбира реалноста на студентите и им овозможува да растат и професионално и лично.
Затоа, одговорот на прашањето „Дали е возможно да се студира и да се работи со полно работно време?“ е - ДА, возможно е! Не само што е возможно, туку може да биде и една од најдобрите одлуки за млад човек кој сака побрзо да стане самостоен, да стекне искуство и да изгради силна основа за својата кариера.
Во Agile Pro Solutions, студентите не мора да избираат помеѓу образование и работа. Со правилна организација и наша помош, тие можат да ги имаат и двете.
Истражете ги нашите отворени позиции на: https://agileprosolutions.zohorecruit.com/jobs/Careers
Ве очекуваме!
Тагови: Agile Pro Solutions