Акцент ДООЕЛ лого

Систем администратори

За компанијата:

Акцент е високо технолошка компанија која секогаш се труди да биде чекор пред времето кое доаѓа. Технологијата продолжува да го менува светот, а Акцент успешно го прави спојот од најновата технологија... повеќе за компанијата »

Во потрага сме по кандидати кои се одговорни, посветени на работата, спремни за нови предизвици и лесно прилагодливи. Добри комуникациски вештини и тимска работа, како и способност за брзо прилагодување и решавање на основни технички предизвици, се особено важни квалитети кои ги цениме. Имаме потреба од Junior, Medior или Senior систем администратори кои имаат желба да растат и да се развиваат заедно со нашиот тим.

Доколку сакате да бидете дел од професионалниот тим на Акцент и ги исполнувaте следниве услови, испратeте ни го Вашето CV.

Основни квалификации :

  • ВСС (апликацијата ќе биде прифатена и доколку студиите се во тек) или соодветно искуство во систем администрација
  • Искуство со ИТ вештини од областа на системска и мрежна администрација (над 3 години ќе се земе за предност)
  • Желба за учење и развивање на вештини во ИТ администрација
  • Возачка дозвола 'Б' категорија
  • Познавање на англиски јазик
  • Учење и примена на основни политики за ИТ сигурност

Минимални познавања:

  • Основно познавање на оперативни системи (Linux и Windows), компјутерски мрежи (TCP/IP) и ИТ алатки
  • Помош при инсталирање, конфигурирање и одржување на хардвер и софтвер.
  • Поддршка на корисници за основни технички проблеми (troubleshooting).
  • Конфигурирање и одржување на MS Windows
  • Администрирање на Samba AD Domain Controller

Пожелни познавања:

  • Проектирање, инсталација и надгледување на мрежна инфраструктура
  • Конфигурирање и администрирање на антивирус и антиспам филтри;
  • Конфигурирање и администрирање на мрежна инфраструктура;
  • Администрирање на регуларни резервни копии (бекап);
  • Документирање на техничките процеси и одржување на базата со податоци
  • Следење на сигурност на мрежна инфраструктура и превенција од неовластен пристап;
  • Конфигурирање и одржување на Linux OS, MySQL и Tomcat (ќе се земе за предност)
  • Конфигурирање и надгледување на виртуелна околина (пр. KVM);
  • Изготвување на техничка документација, мрежни дијаграми, мрежна инфраструктура и слична документација

Ве молиме испратете е-маил со Вашето CV на [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака за која позиција аплицирате.

Само кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови ќе бидат повикани на интервју.

Почетната плата ќе биде соодветна на завршеното образование, досегашното работно искуство и завршените обуки.

Со самото аплицирање кандидатот се согласува неговите лични податоци наведени во апликацијата да бидат чувани во базата на податоци и обработувани во рок од една година од денот на истекот на рокот за избор. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци согласно Законот за заштита на лични податоци, со обраќање на електронската пошта наведена во огласот.

Рок за пријавување до 15.07.2026

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »