Промовирани огласи »

На електричен тротинет со телефон на уво „чини“ 100 евра казна - Македонската полиција почна со казнувањето

Полицијата веќе казнува за непочитување на новите правила за управување на електрични тротинети.

Полицијата веќе казнува за непочитување на новите правила за управување на електрични тротинети. 

Измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата стапи на сила на 14. јули, а досега се изречени 12 парични казни. Како што соопштуваат од МВР за Скопје Инфо засега не се одземени тротинети

Законот е објавен во Службен весник на 06.07.2026, а во сила стапи осмиот ден од денот на објавувањето.

 Од страна на Одделението за безбедност на патиштата и сообраќајот, почнувајќи од 14.јули преземени се следниве мерки:

  • три мерки за управување електричен тротинет без користење заштитен шлем (кацига) – глоба во износ од 50 евра,
  • нема одземени тротинети, информираа од полицијата. 

Дополнително преземени се 10 мерки по останатите членови и тоа:

  • девет мерки за управување електричен тротинет по површина на која не е дозволено движење на ваков вид возила – глоба во износ од 80 евра;
  • една мерка за користење мобилен телефон при управување на електричен тротинет - глоба во износ од 100 евра.

Сите преземени мерки се однесуваат на полнолетни лица, појаснуваат од МВР. 

Иако на сила е забраната за управување на електрични тротинети од страна на малолетници, изминатиот викенд во полиција е пријавена сообраќајна несреќа во Скопје во која учествувале токму деца со тротинет. 

Имено, двајца 15-годишници се повредени во сообраќајна несреќа што во саботата попладне се случила во Скопје, при судир меѓу патничко возило и два електрични тротинети. 

За овој случај од МВР за Скопје Инфо информираат дека се превземаат законски мерки. 

Тагови: казни Министерство за внатрешни работи (МВР) тротинет

Промовирани огласи »

Колку часа сон ни се потребни за подобра продуктивност и концентрација?

Работите повеќе, но постигнувате помалку? Проверете колку спиете

Добриот сон не е само време за одмор тој е еден од најважните фактори за концентрација, донесување одлуки и енергија во текот на денот. Иако потребите се различни кај секој човек, за повеќето возрасни лица се препорачуваат 7 до 9 часа сон дневно за оптимално функционирање.

Недостатокот на сон може значително да влијае врз работната продуктивност. Кога не спиеме доволно, потешко се концентрираме, побавно решаваме проблеми и почесто правиме грешки. Долгорочното недоволно спиење може да доведе и до зголемен стрес, намалена мотивација и чувство на исцрпеност.

За поквалитетен сон важно е да имаме воспоставена рутина легнување и будење во приближно исто време, избегнување на екрани пред спиење и создавање мирна средина за одмор. Неколку дополнителни часови сон често можат да бидат повредни од уште неколку часови работа, бидејќи одморениот ум работи побрзо и поефикасно.

Тагови: здравје ментално здравје продуктивност работен час сон

Промовирани огласи »

Франција прва во ЕУ забрани социјални мрежи за деца под 15 години

Историска одлука во Франција: Парламентот усвои закон што ќе им забрани на лицата под 15 години пристап до Инстаграм, ТикТок и Фејсбук. Мерката веќе го привлекува вниманието на цела Европа.

Франција стана првата земја во Европската унија што законски ќе им забрани на децата под 15 години пристап до социјалните мрежи како Инстаграм, ТикТок и Фејсбук. Францускиот парламент го усвои нацрт-законот со 279 гласа „за“ и 81 „против“, а претседателот Емануел Макрон ја поздрави мерката како „голем чекор напред“ во заштитата на децата и тинејџерите на интернет. Законот сега треба да добие зелено светло од Уставниот совет.

Според предвидениот план, од 1 септември на лицата под 15 години ќе им биде забрането да отвораат нови профили, додека постојните сметки ќе бидат предмет на забраната од јануари 2027 година. Француската министерка за дигитална индустрија, Ан Ле Хенанф, изјави дека алатките за проверка на возраста веќе постојат и дека платформите ќе бидат одговорни за спроведување на правилото. Таа увери и дека личните податоци на корисниците ќе бидат заштитени.

Одлуката доаѓа во време кога сè повеќе земји бараат ограничувања поради предупредувањата за штетното влијание на социјалните мрежи врз менталното здравје на младите. Иако во Франција имаше критики за приватноста, брзината на примената и можноста мерката да се заобиколи, општата забрана сепак преовлада. Франција сега ќе биде внимателно следена од другите европски држави, додека Европската комисија веќе разгледува пошироки правила за пристапот на децата до социјалните медиуми.

Тагови: деца под 15 години забрана на социјалните мрежи Франција

Промовирани огласи »

Погледнете ги кариерните можности во KFC!

KFC вработува!

KFC (Kentucky Fried Chicken) е еден од најпознатите и најуспешни светски синџири на ресторани за брза услуга, препознатлив по својот оригинален рецепт со 11 тајни билки и зачини. Основан пред повеќе од 90 години од полковникот Харланд Сандерс, денес брендот е присутен во над 150 земји со десетици илјади ресторани ширум светот.

Во KFC, успехот се темели на тимската работа, квалитетната услуга и постојаното унапредување. Компанијата нуди динамична работна средина, можности за професионален развој и јасна кариерна патека за сите кои сакаат да учат, да се развиваат и да бидат дел од глобален бренд.

Моментално отворени позиции:

Персонал за работа - Струга
Персонал за работа - Битола
Менаџер на смена - Гевгелија
Менаџер на смена - Битола
Асистент Менаџер на Ресторан (ARGM) - Гевгелија
Асистент менаџер на ресторан - Битола
Асистент за администрација

Доколку сакате да бидете дел од успешниот тим на KFC аплицирајте веднаш!

Без разлика дали ја започнувате својата кариера или барате нов професионален предизвик, KFC создава работна атмосфера во која се вреднуваат посветеноста, одговорноста и позитивниот тимски дух.

Сите останати активни работни позиции на KARIERA.mk можете да ги најдете ТУКА.

Тагови: КАН Интернатионал

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »