КАН Интернатионал лого

Персонал за работа - Струга

За компанијата:

Еден од најголемите ланци на ресторани во светот и лидер во начинот на подготовка и послужување на пилешко!

повеќе за компанијата »

Локација: Струга

Добредојдовте во KFC- дом на оригиналните.

Ние го правиме најдоброто пилешко на светот. И тоа го правиме долго време- уште од 1952 година, кога идејата за „finger lickin’ good“ пилешко се роди кај нашиот Colonel. Денес сме присутни во илјадници заедници ширум светот, носејќи ја истата страст, гордост и препознатлив квалитет.

Тука амбицијата расте. Кариерата се гради. Потенцијалот оди подалеку. Нашите врати се отворени и можат да те однесат било каде.

Ако ни се придружиш, бараме само едно: биди свој/а,затоа што токму тоа нè прави тоа што сме.

Звучи добро? Одлично.

Еве повеќе за позицијата:

Стани дел од KFC тимот

Ќе бидеш срцето на ресторанот,ќе создаваш одлична услуга, добра енергија и вистински моменти за гостите. Без разлика дали работиш во FOH, MOH или BOH ти ја носиш енергијата, а ние ќе се погрижиме за останатото.

Отворени позиции:

  • FOH (Front of House) – услуга на гости, каса и комуникација
  • MOH (Middle of House) – организација и подготовка на нарачки
  • BOH (Back of House) – работа во кујна и подготовка на производи според стандарди

Што ќе работиш:

  • Ширење позитивна енергија-секој гостин го пречекуваш со насмевка
  • Работа на каса и услуга-примање нарачки и одржување ред и организација
  • Справување со динамика-кога е гужва, остануваш смирен/а и фокусиран/а
  • Подготовка на производи- брзо, точно и според стандарди
  • Одржување хигиена- чистотата не е избор, туку правило

Кого бараме:

  • Одговорни и мотивирани лица со позитивен пристап
  • Тимски играчи подготвени за работа во динамична средина
  • Лица со желба за учење и професионален развој
  • Кандидати над 16 години

 Што нудиме:

  • Платена и професионална обука, претходно искуство не е потребно
  • Работа со полно или скратено работно време
  • Можност за напредување во рамки на компанијата
  • Конкурентна плата со платени прекувремени, ноќни и празнични часови
  • Бонуси за остварени резултати
  • Бонус за препорачан пријател
  • Дневен бесплатен оброк и 20% попуст на производите

 KFC те чека ако ти:

  • Сакаш активен и динамичен работен ден
  • Бараш прво работно искуство
  • Сакаш брзо да напредуваш и да станеш лидер
  • Бараш привремена работа (летна работа)
  • Сакаш флексибилно работно време кое можеш да го комбинираш со студии

Подготвен/а?

Се надеваме дека да!

 Ако сакаш да бидеш дел од нашата заедница,сега е вистинскиот момент да аплицираш.

Испратете го вашето CV преку полето „Аплицирајте“ или на [најави се за да го видиш е-маилот]

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »