Локација: Битола
Добредојдовте во KFC
Дом на оригиналните.
Ние го правиме најдоброто пилешко на светот. И тоа го правиме долго време- уште од 1952 година, кога идејата за „finger lickin’ good“ пилешко се роди кај нашиот Colonel. Денес сме присутни во илјадници заедници ширум светот, носејќи ја истата страст, гордост и препознатлив квалитет.
Тука амбицијата расте. Кариерата се гради. Потенцијалот оди подалеку. Нашите врати се отворени и можат да те однесат било каде.
Ако ни се придружиш, бараме само едно: биди свој/а,затоа што токму тоа нè прави тоа што сме.
Звучи добро? Одлично.
Еве повеќе за позицијата:
Стани дел од KFC тимот
Ќе бидеш срцето на ресторанот,ќе создаваш одлична услуга, добра енергија и вистински моменти за гостите. Без разлика дали работиш во FOH, MOH или BOH ти ја носиш енергијата, а ние ќе се погрижиме за останатото.
Отворени позиции:
- FOH (Front of House) – услуга на гости, каса и комуникација
- MOH (Middle of House) – организација и подготовка на нарачки
- BOH (Back of House) – работа во кујна и подготовка на производи според стандарди
Што ќе работиш:
- Ширење позитивна енергија-секој гостин го пречекуваш со насмевка
- Работа на каса и услуга-примање нарачки и одржување ред и организација
- Справување со динамика-кога е гужва, остануваш смирен/а и фокусиран/а
- Подготовка на производи- брзо, точно и според стандарди
- Одржување хигиена- чистотата не е избор, туку правило
Кого бараме:
- Одговорни и мотивирани лица со позитивен пристап
- Тимски играчи подготвени за работа во динамична средина
- Лица со желба за учење и професионален развој
- Кандидати над 16 години
Што нудиме:
- Платена и професионална обука, претходно искуство не е потребно
- Работа со полно или скратено работно време
- Можност за напредување во рамки на компанијата
- Конкурентна плата со платени прекувремени, ноќни и празнични часови
- Бонуси за остварени резултати
- Бонус за препорачан пријател
- Дневен бесплатен оброк и 20% попуст на производите
KFC те чека ако ти:
- Сакаш активен и динамичен работен ден
- Бараш прво работно искуство
- Сакаш брзо да напредуваш и да станеш лидер
- Бараш привремена работа (летна работа)
- Сакаш флексибилно работно време кое можеш да го комбинираш со студии
Подготвен/а?
Се надеваме дека да!
Ако сакаш да бидеш дел од нашата заедница,сега е вистинскиот момент да аплицираш.
Испратете го вашето CV преку полето „Аплицирајте“ или на [најави се за да го видиш е-маилот]