КАН Интернатионал лого

Асистент за администрација

За компанијата:

Еден од најголемите ланци на ресторани во светот и лидер во начинот на подготовка и послужување на пилешко!

повеќе за компанијата »

Асистент за Администрација

KAN International DOOEL – KFC North Macedonia

Дали сте организирана, проактивна и комуникативна личност која ужива да работи во динамична средина? Доколку сакате да бидете дел од еден од најголемите светски брендови во угостителската индустрија, ве покануваме да се придружите на нашиот тим како Асистент за Администрација.

Вашите главни одговорности

  • Одговарање на телефонски повици и е-пошта.
  • Обезбедување административна поддршка за менаџментот, вработените и посетителите.
  • Организација и координација на состаноци, службени патувања и резервации.
  • Подготовка, архивирање, скенирање и евиденција на документација и службена пошта.
  • Водење евиденција за користење на службените возила.
  • Координација со осигурителни компании за осигурување на возила, имот, стока и други полиси.
  • Подготовка на барања, одлуки, овластувања, дописи и друга деловна документација.
  • Комуникација со институции, државни органи и надворешни соработници.
  • Преведување документи на македонски, англиски и албански јазик.
  • Одржување на залихи на канцелариски материјал и организирање нарачки.
  • Одржување и контрола на официјална и правна документација.
  • Подготовка и следење на договори со соработници, консултанти и деловни партнери.
  • Подготовка на дневни, неделни и месечни извештаи.
  • Извршување и на други административни задачи согласно потребите на компанијата.

Потребни квалификации

  • Завршено високо образование ќе се смета за предност.
  • Одлично познавање на македонски и англиски јазик, а познавање на албански јазик ќе се смета за значајна предност.
  • Одлично познавање на MS Office (Excel, Word, Outlook, PowerPoint).
  • Возачка дозвола Б категорија ќе се смета за предност.
  • Одлични организациски и комуникациски вештини.
  • Високо ниво на доверливост, одговорност и внимание на детали.
  • Способност за работа во динамична средина и управување со повеќе задачи истовремено.

Ние нудиме

  • Работа во интернационална компанија и светски познат бренд.
  • Можности за професионален развој и напредување.
  • Континуирани обуки и менторство.
  • Пријатна и професионална работна атмосфера.
  • Долгорочна можност за градење кариера во KFC.

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »