
За компанијата:
Компанијата „Специјал“ е реномиран лидер во областа на пекарство, слаткарство и индустрискиот кетеринг и услужната подготовка на храна, со посветеност кон квалитет, сигурност и иновативност.... повеќе за компанијата »
Опис на работното место:
- Проверка на кантините и организација на вработените за денот што следува.
- Води евиденција за работниот простор (подреденост во магацин и комори, функционалност на апарати, кало од претходен ден)
- Проверка на залихи во фрижидери со замрзнати производи и консултација со главен готвач за задоволување на залихи
- Проверка на касиерки за дневен пазар и евентуално решавање на проблеми поврзани со погрешно куцање на производ или порамнување на постерминал
- Превземање на дневен промет и документи од претходен ден.
- Подготовка на мини попис на почеток на недела за проверка на совпаѓање на лагер со реална роба на залиха.
- Пополнување на табела на отсутни работници на дневно ниво и причини за иститите
- Внесување во систем на отсуства, боледувања тековно во систем.
- Води евиденција за работа во ноќна смена, дополнителни часови и работа во празник и праќа табели во диреција.
- Прави распоред на работа во смени на вработените.
- Спремање на дневен промет со специикации и уплатници за предавање во банка.
- Системски внесува фактури и испратници и ги праќа во дирекција
- Проверува влез и излез на роба, проверува испратници на пристигната роба и споредува со системско задолжување.
- Се консултира со главен готвач и одговорен за нарачки за составување на мени за наредна недела.
- Прави нарачки на суровини согласно составеното мени.
- Изготвува месечен попис на крај на месец, системски внесува пописни листи и праќа на маил во дирекција.
- Го пресметува бројот на оброци издадени во тој месец и праќа извештај во дирекција.
- Пресметува задолжени оброци и праќа извештај до конкретната фабрика и оди на согласување на оброци.
- Води евиденција за навремени санитарни прегледи на сите вработени.
- Ги почитува барањата наложени од претпоставениот.
- Го известува претпоставениот со цел да изврши контрола на сработеното на дневно ниво и дава извештај
Потребни квалификации:
- Завршено средно или високо образование
- Пожелно претходно работно искуство на иста или слична позиција
Личен профил:
- Навремено исполнување на работните задачи со испорачување на квалитетни резултати
- Амбициозна Организирана, одлучна и одговорна личност
- Лојалност, иницијативност, темелност и енергичност
- Самоиницијативност и капацитет за напредок и развој
- Способност за работа во динамична средина
Што нудиме ние:
- Пријатна работна средина со многу предизвици
- Конкурентна плата
- Попуст во приватна здравствена установа
- Оброк
- Обуки за развој
- Континуиран фидбек од работата
Доколку сте заинтересирани да бидете дел од нашиот тим испратете го вашето CV на [најави се за да го видиш е-маилот]
Само апликантите кои што одговараат на профилот ќе бидат контактирани.
Слични огласи »