Специјал Продукт Дооел лого

Административен работник

За компанијата:

Компанијата „Специјал“ е реномиран лидер во областа на пекарство, слаткарство и индустрискиот кетеринг и услужната подготовка на храна, со посветеност кон квалитет, сигурност и иновативност.... повеќе за компанијата »

Активни огласи од Специјал Продукт Дооел:

Технолог - Административен работник во кујна - Готвач/ка

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Административен работник 

Опис на работното место:

  • Подготвува, изготвува и системски евидентира испратници и повратници.
  • Води евиденција за излезот на стока согласно дневните испораки.
  • Го контролира излезот на роба и ја проверува усогласеноста помеѓу физичката состојба и документацијата.
  • Води евиденција за задолжување и раздолжување на повратна амбалажа (гајби, тави, плехови и останата амбалажа).
  • Изготвува дневни, неделни и месечни извештаи за повратната амбалажа.
  • Врши попис и усогласување на состојбата на гајби, тави, плехови и друга повратна амбалажа.
  • Комуницира со магацинот, производството, транспортот и комерцијалниот сектор за навремено процесирање на испораките.
  • Архивира и уредно ја води целокупната документација поврзана со излезот на стока.
  • Следи навремено враќање на повратната амбалажа од купувачите и известува за евентуални отстапувања.
  • Врши проверка на точноста на документацијата пред испорака.
  • Подготвува извештаи и евиденции по барање на претпоставениот.
  • Ги почитува сите интерни процедури и работни упатства.
  • Навремено го известува претпоставениот за сите неправилности и доставува извештај за извршените активности.

Потребни квалификации:

  • Завршено средно или високо образование.
  • Пожелно претходно работно искуство на иста или слична административна позиција.
  • Одлично познавање на работа со компјутер (MS Office, особено Excel).

Личен профил:

  • Одговорност и високо ниво на прецизност.
  • Одлични организациски способности.
  • Аналитичност и внимание на детали.
  • Способност за работа во динамична средина.
  • Комуникативност и тимска работа.
  • Самоиницијативност, лојалност и професионален однос кон работата.
  • Навремено исполнување на работните задачи со испорачување квалитетни резултати.

Што нудиме:

  • Пријатна работна средина со можност за професионален развој.
  • Конкурентна плата.
  • Попуст во приватна здравствена установа.
  • Оброк.
  • Обуки и можности за континуирано усовршување.
  • Континуиран фидбек и поддршка во работата.

Доколку сте заинтересирани да бидете дел од нашиот тим, испратете го вашето CV на [најави се за да го видиш е-маилот] .

Само кандидатите кои ги исполнуваат условите од огласот ќе бидат контактирани.

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »