КАН Интернатионал лого

Менаџер на смена - Гевгелија

За компанијата:

Еден од најголемите ланци на ресторани во светот и лидер во начинот на подготовка и послужување на пилешко!

повеќе за компанијата »

ВРАБОТУВАМЕ МЕНАЏЕРИ НА СМЕНА

Тимот на KFC Македонија е во потрага по МЕНАЏЕР НА СМЕНА кој со својата ангажираност, обука и мотивирање на вработените ќе придонесе за одличен тим и одлично место за работа. Менаџерот на смена проактивно го поддржува целиот тим поради ефикасно работење на ресторанот притоа запазувајќи ги сите процедури и стандарди според кои работи КФЦ.

Локација: Гевгелија

Што ќе работиш:

  • Поддршка на менаџерскиот тим за следење и развивање на нови вработени преку тренинзи.
  • Успешно решавање на поплаките и прашањата на клиентите во согласност со политиката на компанијата
  • Создавање на средина којашто е фокусирана на клиентите
  • Максимизирање на продажбите во својата смена
  • Контрола врз залихата и бројот на вработени во ресторанот
  • Изготвување на извештаи после секоја смена
  • Oбезбедување непрекинато работење на ресторанот и распределување задачи меѓу вработените
  • Контрола врз спроведувањето на процедурите за подготовка и складирање на производите.

Кого бараме:

  • Лице со завршено средно образование
  • Основно познавање на Microsoft Office и англиски јазик
  • Личност со добри организациски и лидерски вештини
  • Проактивен/на, одговорен/на и ориентиран/а кон решавање проблеми
  • Способност за планирање, следење и евалуација на процеси
  • Умее да работи под притисок и да носи одлуки во динамична средина
  • Лице кое знае да ги користи ресурсите паметно и ефикасно, со фокус на резултати

Што нудиме:

  • Платена и професионална обука – претходно искуство не е потребно
  • Работа со полно или скратено работно време
  • Можност за напредување во рамки на компанијата
  • Конкурентна плата со платени прекувремени, ноќни и празнични часови
  • Бонуси за остварени резултати
  • Бонус за препорачан пријател
  • Дневен бесплатен оброк и 20% попуст на производите
  • Позитивна и поддржувачка работна атмосфера

Локација:

Доколку сакате да се приклучите на нашето КФЦ семејство, ја очекуваме вашата апликација! Испратете го вашето CV преку полето „Аплицирајте“ или на [најави се за да го видиш е-маилот]

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »